fbpx

ЛДП: Авантурата на Груевски води кон меѓународна изолација на Македонија

-

Авантурата на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер, Никола Груевски, да излезат сами на избори, ќе ги загрози евроалтантските интеграции на Македонија, со голема опасност земјата да биде меѓународно изолирана, велат од Либерално-демократската партија на Македонија (ЛДП).

Од партијата велат дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се „подготвени“ да одат на избори за привремено да си ја купат слободата.

„Власта, која е синоним за криминал и за корупција, токму со неуставната и противправна аболиција се дрзнува да уценува и да се пазари за да побегне од раката на правдата. Аболицијата за привилегираните криминалци од власта мора да се повлече, а предвремените парламентарни избори да се одложат сè додека не се создадат услови за слободни, фер, демократски и веродостојни избори“, стои во соопштението на ЛДП.

Оттаму додаваат дека секој кој се надева на поинаков расплет на политичката криза, „ја манипулира јавноста“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...