Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе
21 јуни 2025
Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на повеќе места низ Азија. Староста на фосилниот череп од областа Харбин е проценета на најмалку 146 илјади години. Има истакнати рамни образи, широка уста, изразени веѓи […]