недела, 18 јануари, 2026
Meta.mk

По целосното затемнување вечерва, утре пред зори ќе се појави „Крвавата месечина“

15 мај 2022

Утре во раните утрински часови, Земјата ќе се најде точно на средината помеѓу месечината и сонцето, по што ќе може да се просведочи најневеројатната глетка на небото, „Крвавата месечина“, пишува Би-би-си. Откако Земјата ќе се најде меѓу сонцето и единствениот природен сателит, месечината ќе падне во целосна сенка на Земјата и ќе го достигне своето […]

НАСА: Новите снимки на телескопот Веб кон инфрацрвеното небо ветуваат нови научни откритија

10 мај 2022

Според изгледот од последната фотографија од најсофистицираниот телескоп на НАСА, Џејмс Веб, сите четири главни инструменти се совршено усогласени и подговтвени за опсервирањето што ќе започне во јуни. Научниците на НАСА претставуваат зголемен приказ на фотографијата снимена од најстудениот инструмент, средно-инфрацрвениот или познат под името МИРИ. Тестирачката слика зумирана до 7,7 микрони покажува дел од […]

Доктор Џозеф Шмид беше првиот виртуелен хирург во Меѓународната вселенска станица

19 април 2022

Иако звучи како дел од сценариото на американската научно-фантастична ТВ серија Ѕвездени патеки, сепак станува збор за реалност. НАСА неодамна соопшти дека кон крајот на минатата година, за првпат во историјата, „холопортираше“ холограмска слика од хирург во Меѓународната вселенска станица (МВС). Францускиот астронаут Томас Песк имаше можност прв да разговара со хирургот Џозеф Шмид, кој […]

АНКЕТА: Младите не се запознаени со можностите што ги нуди ЕУ за финансирање научни проекти

15 јануари 2022

Најголем број од младите во земјава, вклучувајќи ги студентите и постдипломците, не се запознаени со можностите кои им се нудат за развивање на проекти и нивно профилирање во областа на науката и научната дејност. Според Извештајот за следење на напредокот на Македонија кон ЕУ за 2021 година, државата направила минимален и лимитиран напредок во полето […]

Бил Гејтс препорачува книга со 72 факти од чешко-канадскиот научник Вацлав Смил

15 август 2021

Американскиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс деновиве промовира научно-популарна книга со факти на чешко-канадскиот научник Вацлав Смил, познат по неговите интердисциплинарни истражувања за енергетските политики и нивното влијание на животната околина и човечкиот род. Преку написoт „Што можат потта, виното и електрицитетот да нè научат за човештвото“ објавен во рубриката „Факти за животот“ на неговиот […]

Охриѓанката Маргарита Каровска – Нили, дел од тимот на опсерваторијата „Чандра“

27 јуни 2019

Охриѓанката Маргарита Каровска – Нили веќе неколку децении работи во Центарот за астрофизика Харвард-Смитсониан при престижниот Универзитет Харвард на голем број проекти од НАСА. Оваа исклучителна жена e астрофизичар и дел од тимот кој работи на еден од најголемите и најзначајни проекти на НАСА, вселенската опсерваторија „Чандра“ од самите почетоци. Во време кога повеќето сметале […]

Калифорнија ќе забрани продажба на не-електрични возила во 2040 година

18 декември 2018

Секое ново возило што ќе се продава во Калифорнија од 2040 година ќе мора да биде електрично, односно воопшто да не испушта загадувачки гасови и честички, пропишува новиот предлог-закон што оваа седмица влезе во процедура во парламентот на сојузната американска држава. Предвидената забрана е поднесена од пратеникот Фил Тинг од Сан Франциско и е усогласена […]

Волци што одат „по риба“ – буквално (видео)

16 декември 2018

Тим биолози во американската држава Минесота направиле снимки на волци кои скокаат во вода и ловат риби од поток. Првите вакви снимки на волци беа објавени деновиве на страницата на Фејсбук на Националниот парк „Војажер“ и се резултат на повеќегодишен проект кој опфаќа следење на движењето на волците со ГПС-околувратници. Откритието на тимот предводено од […]

Обновливите извори на енергија го победија јагленот во Германија

11 јули 2018

Во првото полугодие на годинава, Германија добила повеќе струја од обновливите извори на енергија, отколку од јагленот, соопшти германската Асоцијација за енергија и вода. Со тоа Германија и официјално влегува во иднината. Иако досега производената струја од хидроелектрани, соларни електрани и ветроелектрани и од биогас го надминуваше производството од јаглен и лигнит, тоа се случуваше […]

Топењето на Антарктикот за 26 години го покачило морското ниво за 7,6 милиметри

14 јуни 2018

Големо истражување на 84 научници од 44 меѓународни организации покажа дека топењето на мразот на Антарктикот го покачило нивото на морињата и океаните за 7,6 милиметри од 1992 година досега, а речиси половина од тоа покачување се случило во последните пет години. Ендрју Шепард од Универзитетот на Лидс во Обединетото Кралство и Ерик Ајвинс од […]

Сигурноста и приватноста – главни теми на Форумот за управување со интернет

5 јануари 2018

Приватноста и сигурноста на интернет, но и влијанието на лажните вести и користењето на дигиталните технологии за манипулација на јавното мислење, заедно со проблемот на намалената доверба кон медиумите и државните институции, беа една од главните теми на 12-от состанок на Форумот за управување со интернет – IGF (Internet Governance Forum), кој се одржа во […]

Нобеловата награда за физика за тројцата откривачи на гравитациските бранови

3 октомври 2017

Годинашната Нобелова награда за физика ја добија Рајнер Вајс, Бери Бериш и Кип Торн, тројцата автори на експериментот ЛИГО, со кој ги открија гравитациските бранови, односно наборите во простор-времето, чие постоење прв го предвиде Алберт Ајнштајн пред еден век. Една половина од наградата од речиси 1,1 милион долари ја освои Рајнер Вајс, а втората половина […]

Голема сончева бура може да ја погоди Земјата утре и задутре

7 септември 2017

Од утре попладне до сабота околу пладне, голем дел од светот би можел да ги почувствува последици од големата соларна ерупција што се случила вчера, алармираше Центарот за вселенска метеоролошка прогноза при американската Национална администрација за океаните и атмосферата. Русија, балтичките републики, Јужна Шведска, Данска, Обединотото Кралство и голем дел од северните држави на САД […]

Создадени првите ембриони од човечки и од животински клетки

27 јануари 2017

Научниците успеале да создадат ембриони кои се комбинација од човечки и од свински матични клетки, што е првиот чекор кон развојот на човечки органи за трансплантација во телата на животните. Набргу ембрионите биле уништени, објави институтот од САД што го спровел експериментот. Истражувањето уште во првата фаза течело многу потешко отколку што се претпоставувало, се […]

Јули 2016 година бил најтоплиот месец во последните 137 години

17 август 2016

Месецот јули,  годинава бил најтоплиот месец во модерната историја, со рекордна температура на копното и на океаните во последните 137 години, соопшти денеска американската Агенција за океани и атмосфера. „Просечната глобална температура на површината на копното и на океаните во јули 2016 година била највисока, не само за месецот јули, туку и воопшто во однос […]

Април 2016 година – нов глобален температурен рекорд

16 мај 2016

Температурата во април годинава на глобално ниво била повисока за 0,25 Целзиусови степени од онаа измерена истиот месец во 2010 година, што е нов глобален температурен рекорд, покажуваат податоците на американската агенција за аеронаутика и вселена – НАСА. Со ова, како што пренесува „Би-би-си“, април е седмиот месец по ред што ги урива досегашните глобални температурни […]

Нов метод за лекување рак со вируси „ловци“

5 ноември 2015

Здравствените власти на Соединетите Американски Држави (САД) го одобриле новиот, како што велат, револуционерен метод за лекување рак, преку вбризгување на вирус на херпес со двојно дејство, кој ги напаѓа клетките зафатени од тумор, а ги поштедува здравите, поттикнувајќи го имунолошкиот систем да се бори против туморот, пренесува хрватскиот јавен сервис ХРТ. Новата терапија, како што […]

Тројца хемичари ја делат Нобеловата награда

7 октомври 2015

Годинешната Нобелова награда за хемија ја делат Швеѓанецот Томас Линдхал, Американецот Пол Модрич и Турчинот Азиз Санчар, за, како што е наведено во образложението, механичката студија за обнова на ДНК. „Нивниот труд обезбеди фундаментално откритие за тоа како живите клетки функционираат и тоа како пример е искористено кај новиот третман во лечењето рак“, соопшти Кралската […]

Нобелова награда за физика за истражувањата на неутриното

6 октомври 2015

Нобеловата награда за физика во 2015 година им е доделена на Такаки Каџита од Јапонија и на Артур Б. Мекдоналд од Канада за нивниот придонес во експериментите што покажале дека честичката неутрино има маса и може да осцилира, соопшти Шведската кралска академија на науките. „Оваа метаморфоза бара неутрините да имаат маса. Ова откритие го промени сфаќањето за […]

Тројца добитници на Нобеловата награда за медицина

5 октомври 2015

Нобеловата награда за медицина доделена им е на Вилијам Кемпбел од Ирска и на Сатоши Омура од Јапонија за нивната нова терапија за инфекции предизвикани од паразитски глисти, како и на Јоујоу Ту од Јапонија за нејзината терапија против маларија. Сезоната на објавување на годинешните Нобелови награди почна денеска во Осло, со прогласувањето на добитниците […]

Страна 3 од 6