fbpx

НАСА покажа слики од материја собрана од астероид, содржи јаглен и вода

Примерокот беше собран од вселенското летало Осирис-Рекс од астероидот Бену, кој беше одбран бидејќи се смета дека може да содржи клучни информации за настанокот на соларниот систем

-

НАСА ги покажа првите слики од примерокот од астероидот Бену кој беше собран од вселенското летало Осирис-Рекс и кој пристигна на земјата во септември.

Испитувањата се сѐ уште во рани фази, но иницијалните откритија се ветувачки во однос на тоа колку нови сознанија ќе може да извлечат. Астероидот стар 4,5 милијарди години беше одбран за испитување, бидејќи се смета дека е „временска капсула“ на почетоците на создавањето на нашиот соларен систем. Веќе е откриено големо количество на вода и органски молекули во примерокот. Овие сознанија се важни бидејќи ги потврдуваат досегашните теории за настанокот на живот на Земјата, односно дека клучните состојки дошле од надворешни извори.

„Примерокот од Осирис-Рекс е најголемиот примерок од астероид богат со јаглерод кој некогаш бил вратен на Земјата и ќе им помогне на научниците да го истражат потеклото на животот на нашата планета во следните генерации“, рече  администраторот на НАСА Бил Нелсон.

„Речиси сè што правиме во НАСА се обидува да даде одговори на прашања за тоа кои сме и од каде потекнуваме. Мисиите на НАСА, како Осирис-рекс, ќе го подобрат нашето разбирање за астероидите кои би можеле да ја загрозат Земјата, а истовремено ќе ни дадат увид во она што се наоѓа подалеку. Примерокот се врати на Земјата, но следи уште многу испитувања и нова наука – наука каква што досега не сме виделе“, дополни Нелсон.

Летилото Осирис-Рекс беше лансирано во 2016 година и во 2018 година пристигна во орбитата на астероидот кој се наоѓа на 97 милиони километри од Земјата. Потоа, две години го анализираше астероидот за да го утврди идеалното место за слетување. Во 2020 година слета на астероидот, успешно собра примерок и се упати кон земјата во 2021 година. Во септември го достави примерокот на Земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...