По повеќе од половина век, американско летало повторно слета на Месечината

Мисијата ИМ-1 носи научна опрема дизајнирана да собира податоци за лунарната средина, конкретно во карпестиот регион избран за место за слетување на мисијата Артемида 3 на НАСА планирана за две години

-

Соединетите Американски Држави се вратија на површината на Масечината за првпат по повеќе од педесет години, откако приватното летало наречено „Одисеј“ го заврши 73-минутното спуштање од орбитата во близина на јужниот пол на Месечината.

Американската вселенска агенција НАСА го поздрави „џиновскиот скок напред“, без да го потврди статусот или состојбата на леталото, пренесува „Гардијан“.

Подоцна компанијата „Интуитив Машинс“ (Intuitive Machines) која го изгради првото комерцијално летало што се спушти на Месечината, рече дека леталото било исправно и почнало да испраќа податоци.

Таканареченото „меко слетување“, за кое основачот на компанијата Стив Алтемус даде само 80 отсто шанси да успее, беше дизајнирано да отвори нова ера на истражување на Месечината додека НАСА работи на својата закажана мисија да испрати луѓе таму до крајот на 2026 година.

„Добредојдовте на Месечината“, рече Алтемус кога беше потврдено слетувањето.

По повеќе од половина век, ова е првпат какво било американско вселенско летало да слета на Месечината. Последна американска лунарна посета беше на екипажот на НАСА – мисијата Аполо 17 во декември 1972 година.

„Денес, за прв пат по повеќе од половина век, САД се вратија на Месечината. Денес, за прв пат во историјата на човештвото, комерцијална компанија, американска компанија, започна и го водеше патувањето до таму“, рече Бил Нелсон, администратор на НАСА.

Шестоаголното летало на приватната компанија е дел од иницијативата на НАСА за комерцијални услуги за носивост на Месечината, во која американската вселенска агенција доделува договори на приватни партнери, главно за поддршка на програмата Артемида.

НАСА придонесе со 118 милиони долари за „Одисеј“ да полета од земјата, а „Интуитив Машинс“ финансираше дополнителни 130 милиони долари пред нејзиното лансирање на 15 февруари од вселенскиот центар Кенеди на Флорида со ракета „Фалкон 9“ од компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск.

Мисијата ИМ-1 носи научна опрема дизајнирана да собира податоци за лунарната средина, конкретно во карпестиот регион избран за место за слетување на мисијата Артемида 3 на НАСА планирана за две години.

Научниците минатата година соопштија дека веруваат дека ситните стаклени зрна расфрлани по површината на Месечината содржат потенцијално „милиони тони вода“ што може да се извлечат и да се користат во идните мисии.

Преку програмата Артемида на НАСА, која има подолгорочна визија за мисии со екипаж на Марс во следните две децении, САД се обидуваат да се задржат пред Русија и Кина кои планираат свои човечки мисии на Месечината.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...