четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: вселена | 61 резултати

Слетаа астронаутите од мисијата со првата комерцијална вселенска прошетка

септември 15, 2024

Екипажот на „Поларис дон“ на Спејс Екс слета на Земјата, слетувајќи во вода во близина на крајбрежјето на Флорида, пренесува Би-би-си. Станува збор за првата приватно финансирана мисија која вклучуваше вселенска прошетка. Таа беше финансирана од милијардерот Џеред Ајсекман, кој се „прошета“ во орбита. Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека мисијата претставува „џиновски скок напред“ […]

Русија лансираше ново оружје во вселената во истата орбита со сателит на САД – обвини Пентагон

мај 22, 2024

Соединетите Американски Држави (САД) ја обвинија Русија дека лансирала сателит кој веројатно е вселенско оружје што има можност да таргетира други сателити. Според Пентагон, ова оружје е поставено во истата орбита како сателит на САД. Според портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер, Вашингтон ќе продолжи да ја следи ситуацијата ѝ е подготвен да ги заштити […]

По повеќе од половина век, американско летало повторно слета на Месечината

февруари 23, 2024

Соединетите Американски Држави се вратија на површината на Масечината за првпат по повеќе од педесет години, откако приватното летало наречено „Одисеј“ го заврши 73-минутното спуштање од орбитата во близина на јужниот пол на Месечината. Американската вселенска агенција НАСА го поздрави „џиновскиот скок напред“, без да го потврди статусот или состојбата на леталото, пренесува „Гардијан“. Подоцна […]

Откриен „прстен“ од галаксии кој не се совпаѓа со досегашното разбирање на вселената

јануари 13, 2024

„Големиот прстен“ составен од галаксии и јата галаксии претставува огромна структура, што не се соодветствува со т.н. „космолошкиот принцип“, односно дека сета материја во вселената е еднакво распределена. Прстенот е многу далеку од Земјата и не може да се види со голо око. Кога би можел да се види, би изгледал 15 пати поголем од […]

Велика Британија ќе гради сателит за следење на климатските промени и природните катастрофи

ноември 21, 2023

Велика Британија ќе помага во финансирањето и изградбата на ново вселенско летало кое ќе им помогне на научниците да ја следат климатската криза и природните катастрофи, соопштува Гардиан. Новиот сателит ќе биде финансиран со 3 милиони фунти од Вселенската агенција на Обединетото Кралство, придружувајќи им се на Шпанија и Португалија во проектот „Atlantic Constellations” од […]

Руското вселенско летало Луна-25 се урна на Месечината

август 20, 2023

Руската државна вселенска агенција „Роскосомос“ соопшти дека вчера изгубила контакт со вселенското летало Луна-25, откако настанале проблеми додека леталото се подготвувало за орбитата пред слетувањето. Руското роботско летало се урнало на Месечината, пренесува Јуроњуз. „Апаратот премина во непредвидлива орбита и престана да постои како резултат на судир со површината на Месечината“, се вели во соопштението […]

По децениски ветувања, „Вирџин Галактик“ ја имаше првата мисија за вселенски туризам

август 11, 2023

Поранешен олимпиец, студентка на шкотскиот Универзитет во Абердин и нејзината мајка беа патниците на првиот лет за туристи во вселената на „Virgin Galactic“ (Вирџин Галактик). Мисијата позната како „Галактик 02“, со вселенскиот авион со ракетен погон за повеќекратна употреба, полета кратко по 15 часот по локално време од Спејспорт Америка во Ново Мексико, САД, пренесува […]

Две нови бесплатни игри за преземање на Epic Games: Homeworld Remmastered Collection и Severed Steel

јули 29, 2023

Во четвртокот беа објавени две нови бесплатни игри за преземање на Epic Games: Homeworld Remastered Collection и Severed Steel. Првата е стратегија со мултиплејер што е наменета за сите возрасти, а втората е инвентивна игра, со пукање, за возрасни играчи. Homeworld Remastered Collection е најнова верзија на старата игра, со ист наслов, и е една […]

НАСА објави нова восхитувачка слика од Сатурн, сликана од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“

јули 4, 2023

Објавена е нова слика од Сатурн од НАСА, сликана од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“. На новата слика јасно се гледаат познатите широки прстени на петтата планета на соларниот систем. Планетата е потемна, а на фотографијата се гледа како таа засенува дел од прстените. На левата страна може да се забележат и три точки кои се […]

Комичната игра Breathedge e бесплатна на Епик Гејмс до четврток

мај 2, 2023

Комичната игра Breathedge e бесплатна на Епик Гејмс до четврток, 4 мај. Се работи за игра со преживување во вселената што изобилува со надреалистичен и монтипајтоновски хумор. Повелете и погледнето го трејлерот за играта: Главната премиса во играта е дека вашиот вселенски брод доживува судир во поле со астероиди и собирајќи предмети треба повторно да […]

НАСА предупреди на „залутана“ црна дупка, опишувајќи ја како „невидливо чудовиште на слобода“

април 7, 2023

Американската вселенска агенција НАСА предупреди дека низ универзумот се пробива супермасивна „залутана“ црна дупка, опишувајќи ја истата како „невидливо чудовиште на слобода“. Масивната црна дупка се пробива низ универзумот толку брзо што ако би била во нашиот Сончев систем, според НАСА, би можела од Земјата до Месечината да стигне за само 14 минути. „Има невидливо […]

Светска патувачка изложба за врвните истражувања во Германија доаѓа во Скопје

март 24, 2023

Во организација на германскиот Гете Институт, во Скопје следниот месец ќе може да се види светската патувачка изложба за врвните истражувања во Германија. „Вселена.Човек.Интелигенција.“ е интерактивна изложба за млади, којашто Гете Институтот во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува низ светот, а од 3 до 28 април ќе може да се посети во изложбениот […]

Не е точно дека никој не бил во вселената

февруари 26, 2023

Постојат неверојатно количество докази, вклучително и 383 килограми камења собрани од Месечината во текот на 6 мисии, потврда од Русија, Јапонија и Кина и фотографии од НАСА кои сведочат за тоа дека има мисии во вселената, пишува Вистиномер во новата анализа која ја пренесуваме во целост.   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: „И […]

Европската вселенска агенција во новата класа го вклучи и првиот астронаут со физичка попреченост

ноември 24, 2022

Британскиот параолимпиец Џон Мекфол е меѓу најновите именувани астронаути регрутирани од Европската вселенска агенција (ЕСА), со што стана првиот астронаут со физичка попреченост. Мекфол е дел од новата класа на европски астронаути кои беа претставени вчера и се први регрутирани астронаути по 2009 година. Според Би-би-си, Европската вселенска агенција сака да ја прошири дефиницијата за […]

Европа планира да одвои милијарди евра за активности во вселената

ноември 22, 2022

Европските министри за истражување денеска и утре се на средба во Париз за да се договорат околу издвојување на буџет од 18,5 милијарди евра потребни за понатамошни активности во вселената. Според Би-би-си, на агенда на вселенските истражувачи се мисии на Месечината и Марс, како и лансирање на сателити за набљудување на временските услови и шифрирање […]

По три одлагања, НАСА успешно ја лансираше мисијата Артемида

ноември 16, 2022

Со татнеж што го осветли ноќното небо, НАСА вчеравечер ја испрати својата „СЛС“ ракета во вселената. Ракетата полета во 1,47 часот по средноевропско време од Кејп Канаверал, Флорида, сигнализирајќи го почетокот на новата ера за вселенската програма на американската влада. „Врџ“ пишува дека ова претставува голем успех за мисијата Артемида, со која НАСА има за […]

Објавени првите фасцинантни фотографии направени од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“

јули 13, 2022

Вселенската агенција НАСА вчера објави пет фасцинантни фотографии во боја од далечни галаксии, направени со телескопот „Џејмс Веб“. Целосниот сет на првите слики со спектроскопски податоци на телескопот откриваат збирка космички карактеристики кои досега биле „недостижни“, а следуваат откако беше објавена првата фотографија од вселенскиот телескоп на НАСА. Овие слики, кои го вклучуваат и најдлабокиот […]

Првата слика од телескопот „Џејмс Веб“ ги прикажа најдалечните галаксии

јули 12, 2022

НАСА објави фотографија од далечни галаксии какви што биле пред 13 милијарди години, снимена од „Џејмс Веб“, најмоќниот телескоп кој некогаш бил лансиран во вселената и кој ветува дека ќе го преобликува нашето разбирање за универзумот, пишува „Гардијан“. Малиот дел од универзумот, наречен SMACS 0723, е снимен со богати детали со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, […]

Нова ракета на НАСА што ќе собира податоци за ѕвездите утрово лансирана од Австралија

јуни 27, 2022

Рано утрово суборбиталната ракета на НАСА се вивна во универзумот поаѓајќи од мала станица на комерцијален космодром во Австралија, што ја направи првата ваква ракета што не е лансирана од САД, јавува „Би-би-си“. Оваа ракета ќе овозможи нови астрофизички студии што може да се истражуваат само преку јужната хемисфера. Научниците се надеваат дека ќе им […]

НАСА: И покрај судирот на Џејмс Веб со микрометероид во јули ќе ги имаме сликите од вселената

јуни 10, 2022

Главното огледало на телескопот Џејмс Веб дојде во судир со мал фрагмент од карпа што остави забележлив ефект врз собраните податоци, јави Би-би-си. Штетата беше предизвикана од страна на микрометероидот голем колку честичка прашина кој удри во сегментот познат како C3 од 18 други сегменти на примарното огледало. Сепак, судирот нема да ја наруши планираната […]

Страна 1 од 3