НАСА: Новите снимки на телескопот Веб кон инфрацрвеното небо ветуваат нови научни откритија

Фото: НАСА

Според изгледот од последната фотографија од најсофистицираниот телескоп на НАСА, Џејмс Веб, сите четири главни инструменти се совршено усогласени и подговтвени за опсервирањето што ќе започне во јуни.

Фото: НАСА

Научниците на НАСА претставуваат зголемен приказ на фотографијата снимена од најстудениот инструмент, средно-инфрацрвениот или познат под името МИРИ.

Тестирачката слика зумирана до 7,7 микрони покажува дел од сателитската галаксија, Големиот Магеланов облак. Оваа мала галаксија на Млечниот пат претставува густо ѕвездено поле што е погодно за тестирање на способностите на Веб.

Фото: НАСА

Зумираната фотографија на МИРИ е споредена со онаа направена од камерата со инфрацрвена низа на вселенскиот телескоп на НАСА, „Спицер“, на која е претставена истата површина од Магелановиот Облак само зголемена до 8,0 микрони.

„Пензионираниот телескоп Спицер беше еден од најдобрите опсерватории и првиот што произведе фотографии од средниот инфрацрвен универзум со висока резолуција, додека Веб со значително поголемото основно огледало и подобрените детектори ќе ни овозможи да го гледаме инфрацрвеното небо преку снимки со подобрена јасност и квалитет како и да стигнеме до повеќе откритија“, велат од НАСА.