fbpx
Таг: вселена

таг: вселена

Планетариумот во МКЦ – место каде може да се види „чисто ноќно небо“ и да се научи повеќе за ѕвездите, планетите и вселената

По подолга пауза од две години, од 1 март продолжи со работа Планетариумот во Младинскиот културен центар (МКЦ). Таму можат да појдат сите лица кои сакаат да научат нешто повеќе за ѕвездите, планетите и целата галаксија, но и да видат како изгледа чисто ноќно небо без светлосно загадување, какво што нема никаде на друго место во земјава. Во мала просторија...

[Видео] Оптичките перформанси на Џејмс Веб ќе ги надминат очекувањата, тест-фотографија најавува големи откритија

По комплетирањето на последните чекори за подредување на огледалата на најсофистицираниот телескоп некогаш изграден и пуштен во вселената, експертскиот тим на НАСА кој стои зад мисијата на Џејмс Веб очекува неговиот оптички перформанс да ги надмине научните цели за кои првобитно е направен. https://youtu.be/MiGx8xv6xjE На 11-ти март, тимот ги заврши и последните чекори од клучната фазата позната како „фино фазирање“ која...

Една година од слетувањето на роверот „Истрајност“ на Марс, што постигна оваа мисија досега?

Марс
Денеска е годишнината од денот на успешното пристигнување на познатиот ровер на НАСА, „Истрајност“ (NASA's Perseverance Mars Rover) на Црвената планета. Неговата главна мисија е да ги истражува трагите за постоење на микробиолошки живот преку собирање примероци на почва и карпи, коишто на Земјата ќе бидат донесени за истражување. По неговото тргнување на 30 јули 2020 година и успешното слетување...

Австралиски научници открија невообичаено светол и трепкачки објект во Млечниот Пат

Научници од Австралија тврдат дека откриле непознат објект што се врти и трепка во Млечниот Пат каков што претходно никогаш не бил откриен, пренесува Би-би-си. Објектот е прв пат откриен од студентот Тајрон О'Доерти во пределот на западна Австралија. Тајрон проучувал радио бранови користејќи телескоп и нова техника што самиот ја развил, кога го открил непознатиот објект што испушта големи...

Џејмс Веб успешно ја помина и втората мисија – пристигна до точката Лагранж 2

Најмоќниот и најсофистицираниот телескоп некогаш создаден, Џејмс Веб вчера успешно пристигна и на неговата финална дестинација, точката Лагранж 2 на 1,5 милиони километри од Земјата, пишува Гардијан. По лансирањето во вселената на 25 декември, неговата прва мисија беше да ги расклопи сите свои панели со огледала додека е на позицијата Л1, а втората и крајна пред да започне со својата...

Огромен астероид вчера безбедно помина покрај Земјата

Големиот астероид широк еден километар познат под името 7482 (1994 PC1) вчера во 22:51 часот по наше време помина покрај Земјата на растојание што е измерено како најблиско досега. Како што пишуваат EarthSky, астероидот прелетал на растојание од 1,93 милион километри од Земјата, што се смета за безбедно. Ова растојание се проценува како најкратко меѓу астероид од ваков тип и...

Телескопот „Џејмс Веб“ успешно го постави и својот последен дел во вселената, што е следно?

Во саботата, на 8-ми јануари, најголемиот телескоп некогаш создаден успешно го расклопи својот последен панел на огледала во вселената, нешто што НАСА го имаше одредено како едно од најсложените расклопувања кога станува збор за технолошко откритие, пренесуваат од space.com. Тимот кој стои зад „Веб“ сега вниманието го насочува кон својата следна мисија: да го прати телескопот на неговата финална дестинација,...

Лансиран телескопот „Џејмс Веб“ – историски момент за откритија во вселената

Во вселената со ракетата Ариана денеска беше лансиран телескопот „Џејмс Веб“, чии проектирање и изградба траеја 30 години и тој претставува веројатно најсофистицираната технолошка направа за 21. век. Ракетата се вивна во вселената пред неколку часа од космодромот во Француска Гвајана, а пристигнувањето на одредената орбита беше успешно. Мисијата на телескопот е да открие тајни за вселената и нејзиното настанување по...

Лансиран новиот телескоп на НАСА кој ќе овозможи мерење на Х-зраците

Денеска беше лансиран најновиот телескоп на НАСА наречен Imaging X-ray Polarimetry Explorer, или скратено IXPE. Тој во вселената отиде со помош на ракетата Фалкон 9 од  компанијата SpaceX. Се работи за научен уред или телескоп составен од три идентични телескопи кои се дизајнирани да ја мерат поларизацијата на светлината добиена од Х зраците, кои доаѓаат од големите пространства во вселената...

Неверојатно откритие: Мистериозни, радиобранови доаѓаат од срцето на Млечниот Пат (Видео)

Мистериозните радиобранови што доаѓаат од срцето на Млечниот Пат ги збунија астрономите. Во овој момент, тие немаат идеја што ги предизвикува, објави Универзитетот во Сиднеј. Невообичаените сигнали кои доаѓаат од длабочините во срцето на Млечниот Пат ги откри Зитенг Ванг, главен автор на новата студија „Надворешна инверзно-комптонска емисија од ниски осветлувања на гама-зраци: Примена на GRB 190829 A“ и докторанд...

„Блу ориџин“ денеска ќе го лансира Капетан Кирк во вселената – следете го летот во живо

Актерот Вилијам Шатнер заедно со уште тројца патници денес (13 октомври) ќе полетаат во вселената, соопшти компанијата „Блу ориџин“. Целото веленско патување и ќе се пренесува во живо преку Интернет. https://youtu.be/uEhdlIor-do Шатнер, на 90-годишна возраст, е подготвен да стане најстарата личност што некогаш патувала во вселената, пренесе Ројтерс. Тој стана икона на поп културата со улогата на капетанот Кирк од телевизиска серија...

Четворица астронаути-аматери заминаа на првата „целосно цивилна мисија“ во вселената

Четворица астронаути полетаа од Флорида, САД кон нивната прва мисија во орбитата на Земјата. Екипажот на „Inspiration4“, составен од еден милијардер и тројца „обични граѓани“ полета од вселенскиот центар Кенеди со капсулата „Драгон“ на ракетната компанија „Спејс Екс“, јави „Би-би-си“. Екипажот на „Inspiration4“ следните три дена ќе ги помине кружејќи околу Земјата. Тие имале шестмесечна интензивна обука со „Спејс Екс“,...

Играта Rebel Galaxy бесплатна на Epic Games до 19 август

Играта Rebel Galaxy е бесплатна за превземање на Epic Games до 19 август. Ако сакате игри со вселенски бродови и истражување на вселената, иако постара, ова е игра за Вас. Најмногу потсетува на играта Freelancer, но со подобра графика. Rebel Galaxy е излезена во 2015 година, но сепак е добра вселенска игра; планетите и небесните тела се супер сработени...

Билет до вселената со ракета на „Вирџин Галактик“ чини 450.000 долари

Компанијата „Вирџин Галактик“ (Virgin Galactic), која е дел од групацијата „Вирџин Груп“ (Virgin Group) на милијардерот Ричард Бренсон, повторно започна со продажба на билети за патување во вселената, пишува „Си-ен-ен“. Овој пат цената за едно седиште е зголемена речиси двојно. Кога продажбата беше прекината во декември 2018 година, цената на еден билет изнесуваше 250.000 американски долари, додека актуелните билети денес...

По Бренсон, и Џеф Безос одлета во вселената со ракетата Њу Шепард

Девет дена по летот на Ричард Бренсон во вселената, најбогатиот човек во светот Џеф Безос го оствари својот лет во вселената со ракетата Њу Шепард. Заедно со неговиот брат Марк Безос, 82-годишната некогашна кандидатка за космонаут Воли Фанк и 18-годишен студент, сите заедно како екипаж полетаа од приватен полигон во пустина во Западен Тексас, јавува Би-би-си. По патувањето кое траеше...

Ричард Бренсон го оствари сонот да лета во вселената, нови комерцијални летови во најава

Британскиот милијардер Ричард Бренсон вчера помина неколку минути во вселенската орбита со леталото на неговата компанија „Вирџин Галактик“, реализирајќи го својот сон и означувајќи го историскиот пресврт во вселенскиот туризам. Бренсон со леталото ВСС Јунити помина неколку минути во вселенската орбита, заедно со двајца пилоти и уште тројца патници, јавува Би-би-си. Тие се вратија на Земјината топка околу еден час...

Натпревар со датуми меѓу Џеф Безос и Ричард Бренсон за тоа кој прв ќе летне во вселената

Сопственикот на „Вирџин Галактик“, Ричард Бренсон има за цел да го победи неговиот колега - милијардер Џеф Безос реализирајќи лет во вселената за девет дена, јавува Гардијан. Компанијата на Бренсон вчера објави дека пробниот лет ќе се одржи на 11 јули и дека Бренсон ќе биде еден од шесте патници на летот во вселената. Ракетата на Бренсон „Спејсшип 2“...

Џеф Безос ќе патува во вселената заедно со неговиот брат (видео)

Џеф Безос
Најбогатиот човек на планетата, извршниот директор на Амазон – Џеф Безос, преку видео на Инстаграм соопшти дека заедно со неговиот брат, Марк Безос, ќе заминат во вселената со ракета изградена од неговата вселенска компанија „Blue Origin“. Компанијата во мај најави дека на 20 јули ќе го има првиот орбитален лет на екипажот, но не кажа дека самиот Безос ќе учествува...

НАСА најави две нови мисии на Венера: „Давинчи+“ и „Веритас“

Венера
Националната аеронаутичко-вселенска управа на САД (НАСА) објави дека ќе испрати две нови мисии на Венера со цел да ги истражи атмосферските и геолошките карактеристики на планетата. Овие мисии вредни околу 500 милиони долари треба да започнат во периодот помеѓу 2028 и 2030 година. Двете мисии биле избрани врз основа на нивната потенцијална научна вредност и изводливоста на нивните планови за...

Јапонски милијардер бара осум луѓе од целиот свет за патување околу Месечината

Месечина
Jапонскиот претприемач и милијардер Јусаку Маезава ќе ја финансира мисијата „dearMoon“, чија цел е да го однесе него заедно со група од осум луѓе на патување околу Месечината. Тој преку видео ги повика луѓето од целиот свет и од „било какво потекло“ да се приклучат и додава дека ќе го плати целото патување, па оние што ќе му се придружат...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...