Рано утрово суборбиталната ракета на НАСА се вивна во универзумот поаѓајќи од мала станица на комерцијален космодром во Австралија, што ја направи првата ваква ракета што не е лансирана од САД, јавува „Би-би-си“.
Оваа ракета ќе овозможи нови астрофизички студии што може да се истражуваат само преку јужната хемисфера. Научниците се надеваат дека ќе им помогне да го проучуваат влијанието на светлината од ѕвездите врз способноста да се живее на некоја од блиските планети.
Всушност оваа ракета е позната под името „Sounding rocket“ што значи дека истата прави сигнален звук во моментот кога ги прибира податоците додека е во вселената. Така, овој пат, проектилот долг 13 метри успешно се врати на Земјата по планираните 15 минути заедно со собраните податоци, притоа правејќи звук пред спуштањето.
„Се вивна горе, потоа се слушна звукот, како татнеж налик нешто што никогаш претходно не сум слушнал. Бев шокиран од воодушевување“, изјавил ко-директорот на училиштето Јиркала за австралиската радиодифузна корпорација.
За време на тие 15 минути, направата успеала да собере доволно податоци со што научниците ќе можат да ги расветлат тајните на ѕвездените соѕвездија оддалечени 30 милиони светлосни години.
„Без да навлегуваме толку длабоко во науката, ова е ефикасно голема рендгенска камера што гледа различни феномени и се обидува да фотографира делови од Млечниот пат и особено ѕвезденото јато Алфа Кентаур“, изјавил Мајкал Џонс за локалната мрежа „Најн“.
Ова беше прво лансирање ракета од Австралија по 25 години пауза. Ракетата на НАСА беше првата од трите што ќе бидат лансирани од ново изградениот вселенски центар „Архем“ на работ на северната територија. Следното лансирање е планирано на 4 јули.
History made ✅
The 1st of 3 @NASA scientific rockets has successfully launched from @ela_space Arnhem Space Centre in the NT.
It’s Australia’s 1st commercial launch & NASA’s 1st from a commercial facility outside the US.
This is a milestone moment for our 🇦🇺 space sector 🚀 pic.twitter.com/oVnAeRNfzH
— Australian Space Agency (@AusSpaceAgency) June 26, 2022