Комичната игра Breathedge e бесплатна на Епик Гејмс до четврток

Breathegde скриншот од Epic Games

Комичната игра Breathedge e бесплатна на Епик Гејмс до четврток, 4 мај. Се работи за игра со преживување во вселената што изобилува со надреалистичен и монтипајтоновски хумор. Повелете и погледнето го трејлерот за играта:

Главната премиса во играта е дека вашиот вселенски брод доживува судир во поле со астероиди и собирајќи предмети треба повторно да изградите летало или летала за да можете да се спасите и да стигнете до цивилизација. Играта го има стилот на авантура, во која решавате загатки со комбинирање на предмети, а и со правење – крафтање на алати и делови со интересни солуции кои често ќе ве насмеат со комбинациите. Целиот стил на играта е како излезен од цртан филм, но сепак е релативно понова игра со добри текстури и околини со исполирана графика. 

Во играта има секакви моменти – на пример користите жива кокошка за пресекување на електрични кабли со клунот или пак има правила за користење на тоалетот што се смешно направени, а ако не го користите тоалетот правилно, резултира со смрт на ликот. Овој тип хумор изобилува во целата игра со чудни комбинации кои би требало да имаат логика – но и тоа е исмеано. 

Мора да се напомене дека ако сте во вселената и само го задржувате здивот – како што треба да правите од просторија во просторија што се раштркани на сите страни, кога сте без вселенско одело (иако во играта имате), самото задржување на здивот не е доволно за да преживеете, затоа што има други фактори, како вакуум и ниски температури, внатрешен притисок на телото итн. Кога човековото тело би било изложено на тие услови, не би ги преживеало. Така што само ставање маска за дишење на телото и исфрлување во вселената, како што тоа го прави ликот на Старлорд па ја вади маската и ѝ ја става на Гамора, додека единствена заштита му е задржување на здивот во Чуварите на Галасијата- е ненаучно и погрешно. Еве ја конкретната сцена од филмот на следниот линк

Но колку за да се направи играта посмешна – играта исмева и други игри со преживување и различни девелопери. Иако не е премногу привлечна, барем знае да пружи привремена забава и смешки. 

Редовната цена на оваа игра е 25 евра, па ова е добра шанса до четврток бесплатно да се преземе забавна игра.