fbpx

Не е точно дека никој не бил во вселената

-

Постојат неверојатно количество докази, вклучително и 383 килограми камења собрани од Месечината во текот на 6 мисии, потврда од Русија, Јапонија и Кина и фотографии од НАСА кои сведочат за тоа дека има мисии во вселената, пишува Вистиномер во новата анализа која ја пренесуваме во целост.

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

„И руски и американски експерти велат: Никој не бил во никаков космос.“

Теоријата на заговор дека човекот не бил на Месечината, или дека не се реализирани мисии за истражување на вселената, се распространети на интернет просторот повеќе години наназад. Истите невистинити наративи се разоткриени во новинарски написи на голем број етаблирани медиуми, дури и на Гардијан.

Според текстот на Гардијан, потребни беа 400 илјади вработени во НАСА и контрактори за Нил Армстронг и Баз Олдрин да стапнат на Месечината во 1969 година, но само еден човек за да се рашири идејата дека сето тоа било лага. Името на тој човек, којшто прв ја раширил невистината дека стапнувањето на Месечината не се случило, е Бил Кајсинг.

Тој бил соработник на американската вселенска програма, бидејќи меѓу 1956 и 1963 година бил вработен во Рокетдајн, компанија која помогнала да се дизајнираат моторите на ракетата Сатурн V. Во 1976 година, Кајсинг објавил памфлет со наслов „Никогаш не отидовме на Месечината: Лагата на Америка вредна 30 милијарди долари“, во која, според Гардијан, се изнесени неверојатни и невистинити теории. Но, неколкумина му поверувале и така сега наративот може да се најде на Јутјуб канали, на Редит форуми и раширен на социјалните мрежи.

Постојат неверојатно количество докази, вклучително и 383 килограми камења собрани од Месечината во текот на 6 мисии, потврда од Русија, Јапонија и Кина, како и фотографии од НАСА кои сведочат за тоа дека има мисии во вселената. Да не говориме, пак, за овие програми во живо кои со години наназад се емитуваат од Меѓународната вселенска станица, со кои постојано се смина земјата и вселената:

Мисијата со која НАСА стигна на Месечината во 1969 година е најпроминентната и се вика Аполо 11. Нејзината примарна цел беше да се испололни националната цел поставена од претседателот на САД Џон Кенеди на 25 мај 1961 година, односно да изведе слетување на Месечината и да се врати на Земјата. Иако претседателот Кенеди не доживеа да го види историскиот настан, нацијата ја исполни целта во јули 1969 година кога Аполо 11 ги спушти првите луѓе на Месечината и безбедно ги врати на Земјата.

Аполо 11 на 16 јули 1969 година тргна од Кејп Кенеди предводена од командирот Нил Армстронг, пилотот Мајл Колинс и пилотот Едвин Баз Олдрин. Околу 650 милиони луѓе го гледаа Армстронг на телевизија како го опишува настанот од 20 јули1969 година  како „мал чекор за човекот, а голем за човештвото“. Кога ракетата била испратена во вселената тоа било светски настан. Ричард Никсон кој тогаш беше претседател го гледал настанот од Белата куќа додека ракетата се кревала. Армстронг и Олдрин поминаа 21 час и 36 минути на површината на месечината.

Минатата година, пак, вселенско летало на НАСА се доближи до темната страна на Месечината и направи спектакуларна фотографија од Земјата. Ова го објавија и дел од македонските медиуми кои пишуваат дека вселенското летало Орион на НАСА стигна до Месечината откако прелета 130 километри над површината и почна да влегува во пошироката орбита. Капсулата, во која наместо екипаж имаше три кукли со сензори за мерење вибрации, космичко зрачење и другите услови во вселената, ѝ пријде на Месечината од нејзината темна страна, која не е видлива од Земјата.

Во септември минатата година САД и Русија заедно испратија космонаути во вселената, во првата заедничка мисија по руската инвазија на Украина.

Русија лани најави дека во 2024 година ќе изгради своја вселенска станица.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека никој не бил во космосот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...