четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Месечина | 30 резултати

По повеќе од половина век, американско летало повторно слета на Месечината

февруари 23, 2024

Соединетите Американски Држави се вратија на површината на Масечината за првпат по повеќе од педесет години, откако приватното летало наречено „Одисеј“ го заврши 73-минутното спуштање од орбитата во близина на јужниот пол на Месечината. Американската вселенска агенција НАСА го поздрави „џиновскиот скок напред“, без да го потврди статусот или состојбата на леталото, пренесува „Гардијан“. Подоцна […]

Месечината е 40 милиони години постара од тоа што претходно сметавме

октомври 24, 2023

Примерок од камен собран од површината на Mесечината во 1972 година, за време на мисијата Аполо 17, покажа дека Месечината е најмалку 40 милиони години постара од тоа што претходно беше сметано, пишува Си-ен-ен. Претходно се сметало дека месечината е стара 4,425 милијарди години, а циркон кристалите пронајдени во овој примерок се стари најмалку 4,460 […]

„Прада“ ќе ги дизајнира вселенските костуми за новата мисија на НАСА на Месечината

октомври 6, 2023

Астронаутите на НАСА ќе летаат со стил, а луксузната модна куќа „Прада“ ќе помогне во дизајнирањето вселенски костуми за мисијата на Месечината во 2025 година. Италијанската модна куќа ќе работи на дизајнирање на скафандрите заедно со друга приватна компанија, „Аксиом Спејс“ (Axiom Space), пишува Би-би-си. Во соопштението до медиуми, од „Аксиом“ рекоа дека „Прада“ ќе […]

Индискиот Чандрајан 3 успешно слета на јужниот пол на Месечината

август 23, 2023

Индија успешно го слета вселенското летало Чандрајан 3 во близина на јужниот пол на Месечината. Индискиот премиер Моди рече дека успехот на мисијата „му припаѓа на целото човештво“. Индија влезе во историјата бидејќи нејзината мисија стана првата што слета во регионот на јужниот пол на Месечината. Со ова, Индија се приклучува во друштвото на САД, […]

Индиското летало Чандрајан 3 ќе се обиде да слета на јужниот пол на месечината

август 23, 2023

Индија се подготвува за својот втор обид за слетување на месечината, историски момент за најнаселената земја во светот. Чандрајан 3, што на санскрит значи месечево летало, треба да го спушти својот летач Викрам кратко по 18 часот по локално време или 12 часот по Гринич, во близина на малку истражениот лунарен јужен пол, што би […]

Руското вселенско летало Луна-25 се урна на Месечината

август 20, 2023

Руската државна вселенска агенција „Роскосомос“ соопшти дека вчера изгубила контакт со вселенското летало Луна-25, откако настанале проблеми додека леталото се подготвувало за орбитата пред слетувањето. Руското роботско летало се урнало на Месечината, пренесува Јуроњуз. „Апаратот премина во непредвидлива орбита и престана да постои како резултат на судир со површината на Месечината“, се вели во соопштението […]

Индија се подготвува за својата трета мисија на Месечината

јули 14, 2023

Индија се подготвува за својата трета мисија на Месечината, со цел да биде првата земја што ќе слета во близина на малку истражениот Јужен пол, пишува Би-Би-Си. Лансирањето е закажано за во петок, од страна на вселенскиот центар Срихарикота, а вселенското летало Чандрајаан-3 ќе се состои од орбитер, лендер и ровер. Од индиската вселенска организација […]

Не е точно дека никој не бил во вселената

февруари 26, 2023

Постојат неверојатно количество докази, вклучително и 383 килограми камења собрани од Месечината во текот на 6 мисии, потврда од Русија, Јапонија и Кина и фотографии од НАСА кои сведочат за тоа дека има мисии во вселената, пишува Вистиномер во новата анализа која ја пренесуваме во целост.   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: „И […]

Фотографијата не е снимена на Месечината, туку на Земјата за време на тренинг

јануари 7, 2023

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот и не се наведува дека фотoграфијата што се споделува воопшто не е снимена на Месечината, туку на Флорида, за време на вежби, односно тренинг пред мисијата воопшто да започне – во нејзината подготвителна фаза. Затоа и астронаутите, иако носат скафандери, на главите немаат шлемови. Станува збор за […]

Европската вселенска агенција во новата класа го вклучи и првиот астронаут со физичка попреченост

ноември 24, 2022

Британскиот параолимпиец Џон Мекфол е меѓу најновите именувани астронаути регрутирани од Европската вселенска агенција (ЕСА), со што стана првиот астронаут со физичка попреченост. Мекфол е дел од новата класа на европски астронаути кои беа претставени вчера и се први регрутирани астронаути по 2009 година. Според Би-би-си, Европската вселенска агенција сака да ја прошири дефиницијата за […]

По три одлагања, НАСА успешно ја лансираше мисијата Артемида

ноември 16, 2022

Со татнеж што го осветли ноќното небо, НАСА вчеравечер ја испрати својата „СЛС“ ракета во вселената. Ракетата полета во 1,47 часот по средноевропско време од Кејп Канаверал, Флорида, сигнализирајќи го почетокот на новата ера за вселенската програма на американската влада. „Врџ“ пишува дека ова претставува голем успех за мисијата Артемида, со која НАСА има за […]

На Месечината пронајдени докази за ударот на астероидот на Земјата што ги убил диносаурусите

септември 29, 2022

Научници од Австралија проучувајќи примероци од површината на Месечината откриле докази за ударот во Земјата на гигантскиот астероид што пред 66 милиони години бил причина за изумирањето на диносаурусите, пишува space.com. Проучувајќи под микроскоп многу мали стаклени куглички во примероците земени од Месечината од кинеската вселенска сонда „Чанг’е-5“ во 2020 година , научниците од Центарот […]

Третото лансирање на ракетата кон Месечината одложено за неколку недели

септември 5, 2022

По вториот неуспешен обид во саботата, лансирањето на новата ракета на НАСА и мисијата „Артемида 1“, која треба да се упати кон Месечината, сега е одложено за неколку недели, јавуваат светските новински агенции. Контролорите на летот во саботата по втор пат не можеа да го лансираат леталото наречено „Систем за вселенско лансирање“, во што биле […]

Лансирањето на ракетата на НАСА одложено за во петок

август 29, 2022

НАСА го одложи лансирањето на ракетата што денеска требаше да се придвижи кон Месечината откако проблемот со истекување на еден од моторите ја принуди агенцијата да ги откаже плановите, јави „Д Врџ“. Ракетата од типот СВЛ (Систем за вселенско лансирање) требаше да полета околу 14 часот и 33 минути по локално време, но беше одложено […]

НАСА одбројува до лансирањето на џиновската ракета кон Месечината (видео)

август 29, 2022

Американската вселенска агенција НАСА одбројува до лансирањето на новата џиновска ракета која ќе се упати кон Месечината – наречена Систем за вселенско лансирање (СВЛ). Ова е најмоќното летало развиено од НАСА досега и ќе биде основата за проектот „Артемида“ кој има за цел да ги врати луѓето на површината на Месечината по повеќе од 50 […]

[Галерија] Лунарна еклипса: Феноменот „Крвава месечина“ утринава на небото над Скопје

мај 16, 2022

Рано утринава, како што беше претходно предвидено и во времетраење од неколку минути, Земјата се придвижи точно помеѓу сонцето и месечината. Во тие мигови месечината влезе во фазата на целосно затемнување, феномен што се случува еднаш на секои две ипол години. Тоа беше првата лунарна еклипса во 2022 година и беше одлично видлива на чистото […]

По целосното затемнување вечерва, утре пред зори ќе се појави „Крвавата месечина“

мај 15, 2022

Утре во раните утрински часови, Земјата ќе се најде точно на средината помеѓу месечината и сонцето, по што ќе може да се просведочи најневеројатната глетка на небото, „Крвавата месечина“, пишува Би-би-си. Откако Земјата ќе се најде меѓу сонцето и единствениот природен сателит, месечината ќе падне во целосна сенка на Земјата и ќе го достигне своето […]

Делумното затемнување на Месечината на 16 мај ќе биде видливо и во Македонија

мај 5, 2022

Помеѓу доцните вечерни часови на 15 мај и раните утрински часови на 16 мај, полната Супер месечина, позната и како „Цветна месечина“, ќе влезе во сенката на Земјата, предизвикувајќи целосно затемнување на Месечината што ќе биде видливо од поголемиот дел на Америка и Антарктикот, како и западниот дел од Европа и Африка и источната страна […]

Страна 1 од 2