вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

И одот го открива идентитетот

16 декември 2014

Градбата на човечкото тело, висината, распоредот на мускулите и на коските, како и останатите фактори создаваат единствен начин на движење на секој човек. Научниците од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим ги проучувале специфичните карактеристики на човечкиот од и дошле до заклучок дека тие се единствени како и отпечатокот од прсти. Израелските научници потоа се насочиле кон […]

Фантастичен видеозапис што ги открива месечевите фази

12 декември 2014

Новата визуелизација која пристигна од НАСА неверојатно детално ги прикажува фазите и осцилациите во поместувањето на Месечината. Сателитот „Лунат реконисенс орбитер“ (ЛРО) од 2009 година патува околу Месечината, снимајќи ја нејзината површина во висока резолуција. Секој кадар од снимката претставува период од еден час, така што со голема јаснотија можат да се видат и сите […]

Инсектите се чистачи на улиците

7 декември 2014

Инсекти играат важна улога во расчистувањето на тони отпадоци од храна што луѓето ги фрлаат низ улиците и низ парковите на њујоршкиот кварт Менхетн, оценија научници. – Инсектите годишно, само од Бродвеј до Вест стрит на Менхетн, јадат 950 килограми отпад од рестораните за брза храна, што е еднакво на 60.000 сендвичи – вели Елза Јангстед, […]

(ВИДЕО) Отсега можете да го допрете и звукот

6 декември 2014

Обликот на звукот не е видлив, но научниците успеале да го решат тој проблем, вперувајќи ги ултразвучните бранови во слој масло, па задебелувањата на површината на маслото станале видливи. Технологијата е овозможена со користење ефекти, кои ги произведува ултразвукот, а наречен е „акустична радијациска сила“. Фокусирајќи комплексни видови ултразвуци во човековата рака, научниците успеаја да […]

Нова хибридна серија на „Бе-Ем-Ве“

4 декември 2014

„Бе-Ем-Ве“ ја најави новата серја 3 со хибридна технологија. Овој гигант за автомобили ја промовира технологијата „пауер е-драјв“ (Power eDrive). Со овој прототип е оставена можност за продолжување на времето што хибридните возила можат да го поминат во електричен режим на возење. Овој тип има значително посилен електромотор во споредба со сегашните модели и батерии со двојно […]

Полетува бродот што ќе носи луѓе на Марс

4 декември 2014

НАСА-програмата што испраќа човечки екипаж на Марс денеска влезе во нова фаза! Пробното лансирање на пропулзиониот систем (ракетен систем „Делта 4“) кој го носи вселенскиот брод „Орион“ е во тек! Системот треба да биде лансиран од лансирачката рампа во Флорида. Бродот „Орион“ го дизајнираше компанијата „Локид Мартин“, а ќе мине 4-5 часа во орбитата, кружејќи 5.800 […]

Прекин на ДНК кој го вознемири британскиот престол

3 декември 2014

Анализата на ДНК им овозможила на британските генетичари да ја утврдат автентичноста на скелетот на Ричард Трети, што бил пронајден под едно паркиралиште во Лестер и со тоа да ја решат мистеријата стара пет века. Секвенцирањето на кралската ДНК, открило дека постоеле неверства поради кои би можело да се доведе во прашање сродството на поединечни британските […]

Поларните мечки може да исчезнат до крајот на веков

3 декември 2014

Светскиот фонд за природа денеска објави резултати од истражување, според кое, опстанокот на поларните мечки ќе биде доведен во прашање доколку не се намали испуштањето гасови кои ја менуваат климата во светот, зголемувајќи ја просечната темпреатура. Климатските промени им се закануваат на веќе критично загрозените екосистеми на Северниот Леден Океан, предизвикувајќи значително опаѓање на бројот на […]

Вонземска ДНК може да преживее влез во земјината атмосфера

27 ноември 2014

Научниците кои во вселената пратија мал дел од ДНК, поставен на надворешноста на куќиштето на ракета, открија дека таа може да преживее температура повисока од неколку илјади Целзиусови степени, соопшти швајцарскиот Универзитет во Цирих на својата интернет-страница. Истражувањето на швајцарските научници покажа дека ДНК може да преживее повторно влегување во атмосферата, што ја отвора можноста […]

Модулот „Филе“ открил органски молекули на површината на кометата

19 ноември 2014

Модулот „Филе“ детектирал органски молекули на површината на кометата „67P/Чурјумов-Герасименко“, соопшти тимот научници. Според нив, анализите покажале дека модулот открил органски молекули кои би можеле да ги претставуваат некои од основните хемиските соединенија од кои еволуирал животот на Земјата. Останатите анализи покажуваат дека површината на кометата е покриена со мраз и со тенок слој прашина […]

На „Филе“ му се потроши батеријата

16 ноември 2014

На модулот „Филе“ му се потроши батеријата и се наоѓа во процес на хибенрација неколку дена откако слета на кометата „67Р Чурјумов-Герасименко“. Батеријата на „Филе“ е неактивна бидејќи наместо потребните седум часа сончева светлина дневно, добивала само три часа. Научниците ги примиле сите важни податоци пред модулот целосно да се деактивира. Сè додека соларните панели […]

Научници се спуштија во мистериозниот сибирски кратер

15 ноември 2014

Руски научници се спуштиле 16,5 метри во мистериозниот кратер на полуостровот Јамал во северен Сибир за да соберат повеќе информации за потеклото на овој феномен. Директорот на рускиот Центар за арктички истражувања, Владимир Пушкарев, изјави дека на дното се наоѓа замрзнато езеро, кое според нивните претпоставки е длабоко околу 10 метри. И покрај сите истражувања […]

„Филе“ има проблем со батеријата

13 ноември 2014

По историското слетување на кометата „67Р Чурјумов-Герасименко“, модулот „Филе“ сега е стабилен и праќа слики, но постои загриженост за издржливоста на неговата батерија. При слетувањето, „Филе“ отскокнал еден километар назад кон вселената, па по враќањето на кометата, тој се сместил во бездна која е во сенка и се наоѓа еден километар од првобитнато место на кое […]

Роботот „Фили“ почна да се спушта на кометата „67П Чурјумов-Герасименко“

12 ноември 2014

Европскиот сателит „Розета“ денеска претпладне се ослободи од роботот „Филе“, кој со помош на гравитацијата почна постепено да се спушта на кометата „67П Чурјумов-Герасименко“, голема маса мраз и прав оддалечена 510 километри од Земјата, соопшти Европската вселенска агенција (ЕСА), од својот контролен лет во Дармштад. Потврдата за раздвојувањето на „Розета“ и на „Филе“ пристигна во […]

Ќе се инвестираат 280 милиони евра во истражување за еболата

6 ноември 2014

Европска Унија и произведувачите на лекови денеска најавија дека ќе вложат 280 милиони евра во истражување за еболата. Најголем дел од средствата ќе бидат наменети за брзо тестирање на вирусот и за производство на потенцијална вакцина. Средствата ќе се искористат за проекти што ја поддржуваат иницијативата за иновативна медицина (ИМИ), единствено јавно-приватно партнерство, која заеднички ја финансираат […]

Исчезнувањето на ајкулите го поттикнало растењето на китовите?

2 ноември 2014

Изумирањето на праисториските џиновски ајкули веројатно придонело китовите да пораснат до сегашната големина, покажува последната научна студија што ја објави „Би-Би-Си“. Древниот предатор мегалодон, долг од 14 до 18 метри, наликувал на синиот кит. Тој се хранел со примитивни китови, кои биле помали од денешните нивни сродници. Мегалодоните изумреле пред 2,6 милијарди години, на преодот од […]

Oppo R5 – новиот најтенок паметен телефон на светот

30 октомври 2014

Компанијата „Опо“ го преттсави својот прв 64-битен паметен телефон андроид, под име Oppo R5. Станува збор за апарат со алуминиумско куќиште, со дебелина од само 4,85 милиметри. Телефонот доаѓа со 5,2-инчен екран AMOLED со резолуција Full HD, со густина на приказот од  423 пиксели на еден инч, а внатре се наоѓа 64-битен чип Qualcomm Snapdragon […]

Страна 6 од 6