fbpx
Свет Свет Страница 6

Свет

Победа на Трамп на прелиминарните избори во Ајова за кандидат за претседател на Републиканската партија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) победи на првите внатрепартиски избори за претседателски кандидат на Републиканската партија во сојузната држава Ајова, со што го зацврсти статусот на голем фаворит на десницата за претседателските избори во САД. Трамп презеде половина од гласовите, придвижувајќи се кон тесна...

На тајванските претседателски избори победи Лаи Чинг-те, кој се залага за сувереноста на државата

Победник на вчерашните претседателски избори во Тајван е Лаи Чинг-те. Неговиот мандат ќе е трет последователен за Демократската прогресивна партија (ДПП), која се залага за сувереноста на Тајван, известува Гардијан. Се смета дека резултатот на изборите ќе доведат до повеќе тензија меѓу Тајван и Кина,...

Украина нападната од 40 руски ракети и дронови

Утрово Русија лансираше 37 ракети и три дрона кон Украина. Системот за одбрана од воздушни напади соборил осум ракети, многу помал процент од тоа колку вообичаено се успешни украинските воздушни сили, известува Ројтерс. Погодени се градовите Днипро и Чернихив, но сè уште не се објавени...

Откриен „прстен“ од галаксии кој не се совпаѓа со досегашното разбирање на вселената

„Големиот прстен“ составен од галаксии и јата галаксии претставува огромна структура, што не се соодветствува со т.н. „космолошкиот принцип“, односно дека сета материја во вселената е еднакво распределена. Прстенот е многу далеку од Земјата и не може да се види со голо око. Кога би...

САД изврши уште еден воздушен напад во Јемен

САД изврши воен напад со „Томахок“ ракети во база во Јемен, каде се вршело лоцирање со радарски системи. Нападот доаѓа еден ден по обемниот напад на САД и Обединетото Кралство врз речиси 30 воени бази во Јемен, известува Гардијан. Петмина загинале и шестмина биле повредени...

Вештачката интелигенција и правата на интелектуална сопственост – тешките битки претстојат

Американските актери и сценаристи во 2023 година се впуштија во штрајк, во кој еден од главните барања им беше да се регулира користењето на творбите генерирани од вештачката интелигенција. Најголемиот американски синдикат за актери (SAG-AFTRA) бараше поголема заштита при реплицирањето на лицата и гласовите...

САД и Британија бомбардираа воени бази во Јемен, каде избија масовни протести

Вчеравечер воените сили на САД и Обединетото кралство бомбардираа воени бази во Јемен, известува Би-би-си. Нападите се одговор на нападите врз бродови во Црвеното Море од страна на Хути, екстремистичката организација која го управува Јемен. Нападите на Хути започнаа по војната во Газа и...

Жителите на Тајван утре гласаат на клучни претседателски избори

Во услови на заострени тензии меѓу Тајван и Кина во изминатиов период, тајванските избирачи утре гласаат на клучни претседателски избори, јавува Си-ен-ен. Изборите се одржуваат во услови кога Кина го зголеми своето воено присуство во Тајванскиот Теснец и Јужното Кинеско Море, и покрај предупредувањата...

Ривалите Хејли и ДеСантис во жестока политичка битка на републиканската претседателска дебата

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис и поранешниот амбасадор на Oбединетите Нации, Ники Хејли, постојано се обвинуваа меѓусебно во републиканската претседателска дебата организирана од Си-Ен-Ен на Универзитетот Дрејк во Де Мојн, Ајова, пренесе Ројтерс. Но, со оглед на тоа што поранешниот претседател Доналд Трамп отсуствуваше од...

Започнува процесот во Хаг против Израел за геноцид во Газа

Денеска започнува дводневното рочиште за постапката во Меѓународниот суд на правдата во Хаг покрената од Јужноафриканската Република (ЈАР) против Израел во која го обвинуваат Израел за геноцид врз палестинскиот народ во појасот Газа. За ваков вид на тужби вообичаено се потребни години за пресуда, но...

Светскиот економски форум за 2024 предвидува дезинформации, геополитички и климатски катастрофи

Светскиот економски форум (СЕФ) денеска го објави својот годишен извештај за очекувани глобални ризици за годинава, како и за блиската иднина. Експертите предвидуваат кризи во однос на геополитички тензии, економска нееднаквост, климатски промени и дезинформациите. Наодите на извештајот се добиени преку анкети со речиси 1.500...

САД и Британија соборија ракети од досега најголемиот воздушен напад на Хути во Црвеното Море

Американски и британски сили соборија ракети лансирани од Хутите во Црвеното Море, известува Гардијан. Не се забележани загинати лица. Нападот на јеменската исламистичка група се смета за најкомплексниот досега откако таа почна да таргетира бродови во регионот по конфликтот во Газа. Како последица на напади на...

Флашираната вода содржи во просек 250.000 микропластични честички

Нова студија од универзитетите Колумбија и Рутгерс откри дека пластичните шишиња со вода содржат, во просек, 250.000 честички нанопластика на литар, известува Еуроњуз. Честичките нанопластика се помали од 1000 нанометри, додека пак терминот „микропластика“ се однесува на оние честички пластика кои се помали од 5...

Откриени разлабавени завртки на „Боинг“ авиони, по инцидент кога при полетување се откачи врата

„Јунајтед ерлајнс“ изврши инспекција на „Боинг“ авиони од линијата „737 Макс 9“, откако изминатата недела се откачила врата на авион од истата линија при полетување. При инспекцијата, биле откреини голем број завртки на кои им требало затегнување и друг разлабавен хардвер, известува Би-би-си. Инцидентот кој...

Израел: Палестинци нема да се вратат дома во Северна Газа без договор за размена на заложници

Според информации пренесени од двајца високо ренгирани израелски функционери до американскиот медиум „Аксиос“, во преговорите со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Израел ќе стои зад ставот дека нема да им дозволат на раселени Палестинци да се вратат во своите домови во северот на Газа...

Приземјени се 171 патнички авиони на Боинг од серијата „737-9 макс“

Федералната воздухопловна администрација на САД (ФАА) нареди приземјување на 171 патнички авиони на Боинг од серијата „737-9 макс“, пренесува Би-би-си. Ваквиот потег доаѓа еден ден откако се случи инцидентот со отпаѓање на дел од патнички авион на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“. Во петокот авион на „Алјаска...

Војната во Газа влегува во нова фаза за Израел

Првичното ветување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по терористичките напади на Хамас од октомври 2023 година беше дека оваа терористичка група ќе биде целосно уништена. Сепак, Си-ен-ен во најновата анализа посочува дека израелската војска се префрла во нова фаза од војната против Хамас во...

Либански Хезболах истрела ракети кон Израел

Либанската милитантна група Хезболах, истрела ракети кон врз воена база во северен Израел. Израелската војска соопшти дека се идентификувани приближно 40 лансирања од Либан кон областа Мерон без да даде извештај за жртви или материјална штета. Според соопштението од Хезболах, нападот е одговор на убиството...

Врховниот суд ќе одлучи дали на Трамп може да му биде забрането да се кандидира за претседател

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ја разгледа одлуката на Врховниот суд во Колорадо со која се отстранува поранешниот претседател Доналд Трамп од гласачкото ливче во таа држава. Судот закажа усно сослушување на 8 Февруари. Трамп останува на гласачкото ливче бидејќи одлуката на понискиот...

Десетгодишната ќерка е веројатниот наследник на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун

Младата ќерка на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, се смета за очигледен наследник на својот татко, соопшти за првпат јужнокорејската разузнавачка агенција, по шпекулациите дека севернокорејскиот владетел ја подготвува ќерка си да стане четвртиот член на династијата што ја води земјата од нејзиното...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...