fbpx
Свет Свет Страница 5

Свет

Смртноста поради ПМ 2,5 честичките двојно повисока на Балканот отколку во ЕУ

Во земјите од Западен Балкан смртноста поради загадувањето со ПМ 2,5 честичките е речиси двојно поголема отколку во земјите во Европската Унија. Ова го покажа ново истражување објавено во декември 2023 година во списанието Environment International, спроведено од Joint Research Centre на Европската Унија...

Израел ја проширува офанзивата во Рафах, дом на преку милион раселени Палестинци

Министерот за одбрана на Израел Јоав Галант соопшти на Х (поранешно Твитер) дека офанзивата на Израел ќе продолжи во градот Рафах, кој се наоѓа на границата со Египет, пренесува Гардијан. Изминатите недели најголемите борби беа во градот Хан Јунис. Според Галант, главните структури на Хамас...

Тексас ѝ пркоси на федералната влада околу бодликавата жица на границата со Мексико

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, најави дека нема да ја почитува пресудата на Врховниот суд и ќе продолжи да ја гради оградата од бодликава жица на границата меѓу САД и Мексико, со цел спречување мигранти да влезат во САД, пренесува Гардијан. Во понеделникот, Врховниот суд...

Исчезнатиот авион на Амелија Ерхарт можеби е пронајден по 87 години

Поранешен разузнувач на американските воздухопловни сили верува дека нашол делови од авионот на Амелија Ерхарт кој исчезна пред скоро девет децении. Тој вели дека деловите се на дното на Тихиот Океан и ги пронашол користејќи сонарни податоци од дрон во длабокото море, соопшти Си-ти-ви. Надевајќи...

Германија пилотира четиридневна работна недела

Почнувајќи од денеска, 45 компании и организации во Германија ќе пилотираат шестмесечна програма за четиридневна работна недела, при што платите на работниците ќе останат исти. Како голем број светски економии, Германија се справува со недостиг на работна сила. Иако можеби звучи контраинтуитивно, оваа експериментална четиридневна...

Нафтените компании уште во 1950-те години знаеле за опасноста од климатските промени

Обелоденети документи покажуваат дека индустријата за фосилни горива финансирала основоположнички истражувања за ефектите на загадувањето и емисиите на ЦО2 уште во 1954 година, известува Гардијан. Група на нафтени компании, под името „Фондација за аерозагадување“, финансирале истражување за мерење на нивото на ЦО2 во атмосферата, како...

Израелски војници маскирани како медицински лица убиле тројца Палестинци во болница на Западниот Брег

Вооружени израелски сили, маскирани како жени и медицински лица, влегле во болницата „Ибн Сина“ во градот Џенин во окупираниот Западен Брег. За време на рацијата, израелските војници убиле тројца Палестинци. Израелските сили тврдат дека убиените биле борци кои пренесувале оружја и ја користеле болницата како...

Поранешниот премиер на Пакистан осуден на десет години затвор

Имран Кан, поранешниот премиер на Пакистан, е обвинет за објавување на државни тајни и е осуден на десет години затвор, пренесува Би-би-си. Тој моментално служи тригодишна затворска казна поради обвиненија за корупција. Според Кан, пресудите се политички мотивирани. Имено, оваа пресуда доаѓа само една недела...

Напад во Јордан усмрти тројца американски војници, САД ветува одговор

Воздушен напад врз американска воена база на границата меѓу Сирија и Јордан резултираше со тројца загинати американски војници и 34 повредени, пренесува Гардијан. Групата Исламски отпор изјави дека тие стоеле зад нападот. Станува збор за организација поддржана од Иран. САД исто така го обвинува Иран,...

Меѓународниот суд на правдата нареди прекин на геноцидот во Газа

Меѓународниот суд на правдата (МСП) му нареди на Израел да го прекине геноцидот во Газа, при што судијката Доногју рече дека Израел мора да ги „преземе сите мерки во своја моќ“ за спречување дејствија во рамките на Конвенцијата за геноцид, соопшти Гардијан. Таа додаде и...

Граѓански организации и експерти предупредуваат на опасностите од новата спогодба на ОН за киберкриминал

Голем број граѓански организации и експерти ги повикаа државните делегации што учествуваат во завршната седница на ад хок Комисијата на Обединетите нации да сторат сѐ за предложената Конвенција за киберкриминалот да биде тесно фокусирана на борбата против киберкриминалот и да се спречи можноста таа...

Прва егзекуција на затвoреник со азотен гас: Со минути се бореше за својот живот

Алабама ја изврши првата егзекуција на осуденик во САД користејќи азотен гас што претставува сурова и невообичаена казна забранета со американскиот устав, соопшти Гардијан. Кенет Јуџин Смит бил осуден на смрт во 1996 година за нарачано убиство во 1988 година. Пред 2 години, Смит требало...

Затвореник од Алабама ќе биде првиот човек погубен со азотен гас

Кенет Јуџин Смит ќе биде првиот човек кој ќе биде усмртен со азотен гас. Адвокатите на Смит, кој е обвинет за убиство во Албама во 1989 година, тврдат дека методот на смртна казна со азотен гас е нечовечна и болна. Врховниот суд на САД...

Израелски демонстранти блокираат хуманитарна помош во Газа

Стотици израелски демонстранти го блокираа патот на камиони кои носеле хуманитарна помош до Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“. Некои од камионите имале египетски знамиња, а демонстранти вееле израелски знамиња и скандирале против владините мерки за внесување помош во Газа. Само девет од 114 камиони го...

Растат случаите на морбили во Европа, бидејќи децата помалку се вакцинираат

Во 2023 година биле забележани 42.200 случаи на морбили во Европа, што е речиси 45 пати повеќе од вкупно 941 случаи во 2022 година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, порастот е „застрашувачки“ и потребни се итни мерки, пренесува Би-би-си. СЗО соопшти оти смета...

Се урна руски авион – десетици загинати украински воени заробеници

Нема преживеани патници од рускиот воен авион кој се урна во близина на рускиот град Белгород, кој се во близина на руската граница со Украина. Министерството за одбрана на Русија изјави оти во авионот имало 65 украински воени заробеници, кои биле пренесувани кон Украина...

Трамп победи во Њу Хемпшир, речиси извесно дека ќе биде републиканскиот кандидат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп води на изборите за републикански кандидат за претседател во Њу Хемпшир за 12 поени, со 90 отсто од избројани гласови, пренесува Би-Би-Си. Со оваа победа, речиси е извесно дека Трамп ќе биде републиканскиот претседател на претстојните избори. Досегашните резултати од...

Израел и Хамас договораат примирје

Израел и Хамас наводно преговараат околу 30-дневно примирје, кое би вклучувало размена на затвореници, велат извори за Ројтерс. Ова би било второто примирје од почетокот на војната во Газа. Првото примирје меѓу Изарел и Хамас се случи претходната година и траеше од 23 до 30...

Повеќе од 25.000 загинати од почетокот на израелската офанзива

Повеќе од 25.000 луѓе загинале во Газа од почетокот на конфликтот со Израел минатата година, изјавија од Министерството за здравство на Хамас. Би-би-си соопшти дека во последните 24 часа имало 178 смртни случаи што претставува еден од најсмртоносните денови во војната досега. Како што продолжуваат...

Хакери ги објавија јавно украдените податоци на Електростопанство на Србија

Хакерите кои неодамна го оневозможија онлајн системот на Електростопанство на Србија (ЕПС), а потоа бараа еден вид „откуп“ за да ги вратат податоците, вчера објавиле повеќе од 34 гигабајти кориснички податоци на интернет и овозможиле нивно преземање преку блогот Qilin, на мрежата Onion, објави...