fbpx

Прва егзекуција на затвoреник со азотен гас: Со минути се бореше за својот живот

Бидејќи не им успеа првиот обид, Алабама го избра како свој експеримент за да го тестира методот на егзекуција кој никогаш претходно не бил искористен. Светот гледа, изјавила судијката Соња Сотомајор

-

Алабама ја изврши првата егзекуција на осуденик во САД користејќи азотен гас што претставува сурова и невообичаена казна забранета со американскиот устав, соопшти Гардијан.

Кенет Јуџин Смит бил осуден на смрт во 1996 година за нарачано убиство во 1988 година. Пред 2 години, Смит требало да биде убиен со инјекција, но обидот бил неуспешен. Неговите адвокати поднеле жалба за казната и се повикале на трите претходно неуспешни обиди за извршување на смртната казна во Алабама.

Свештеникот Џеф Худ, духовниот советник на Смит, бил покрај Смит за време на егзекуцијата и рекол дека затворските службеници во просторијата „биле видливо изненадени од тоа колку лошо поминала егзикуцијата“.

„Она што го видовме беа минути на некој кој се бори за својот живот“, изјави Худ.

Егзекуцијата требало да започне во 18 часот по локално време во поправниот дом Холман во Атмор, Алабама, но било одложено бидејќи американскиот Врховен суд ја разгледувал последна жалба за случајот. Непосредно пред 20 часот, судот ја отфрлил таа жалба, дозволувајќи да продолжи извршувањето.

„Бидејќи не им успеа првиот обид, Алабама го избра како свој експеримент за да го тестира методот на егзекуција кој никогаш претходно не бил искористен. Светот гледа“, изјавила судијката Соња Сотомајор.

Би-би-си извести дека државите од неодамна имаат потешкотии во добивањето на смртоносните лекови за инјектирање, а производителите на лекови веќе нема да ги продаваат или воопшто нема да ги произведуваат.

Обединетото Кралство и Европската Унија го забранија извозот на хемикалиите во 2011 година, а пет години подоцна американскиот гигант за лекови Фајзер, последниот извор за супстанците во смртоносната инјекција, објави дека повеќе нема да ги продава за да се користат при егзекуции.

Ова ги принудува држивите да бараат алтернативни начини за погубување на затворениците, па така е воведен методот на егзекуција со азотен гас кој при дишење во чиста концентрирана форма го задушува кислородот до мозокот, процес наречен азотна хипоксија.

Употребата на азотен гас во егзекуциите беше одобрена од три држави, вклучувајќи ја и Алабама во 2018 година, но оттогаш претрпува различни правни предизвици.

Дебора Дено, криминолог од Правниот факултет Фордам, специјализирана за истражување на методите на смртна казна, коментира дека постапката е во теорија безболна.

„Но, морам да нагласам – тоа е во теорија. Овие маски обично не им одговараат на луѓето. Тие не се херметички, може да влезе воздух“, вели таа и додава дека Смит можел да го преживее обидот и да има оштетување на мозокот.

Државниот обвинител на Алабама, Стив Маршал, го нарече азотниот гас „можеби најхуманиот метод на егзекуција што некогаш бил смислен“.

Во средата, Врховниот суд на САД одби да го слушне правното оспорување на Смит, тврдејќи дека обидот за негово погубување по втор пат ги прекршил неговите уставни права.

Затвореник од Алабама ќе биде првиот човек погубен со азотен гас

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...