Измислено писмо на Путин кружи на социјалните мрежи

Несомнено, станува збор за комплетно фабрикувано писмо, коешто е споделено како да напишано од Путин, иако тоа не се случило

-

„Писмото на Владимир Путин до светот“, кое се споделува од многу корисници на социјалните мрежи, не е споменато од ниту едeн веродостоен медиум, ниту пак,  на веб-страницата на Кремљ каде вообичаено се објавуваат обраќањата и говорите на Путин. Станува збор за комплетно фабрикувано писмо, споделено како да е напишано од Путин, иако тоа несомнено не се случило, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

„Писмото на Владимир Путин до светот“ е насловот на содржината што ја рецензираме, а е објавена на Фејсбук и за два-три дена имаше над 180 споделување, 20 коментари и 240 реакции.

Во писмото, рускиот претседател Владимир Путин наводно се осврнува на руската војна со Украина и бара од граѓаните на западните земји да ѝ помогнат на Русија во нејзината борба против „украинскиот нацизам“, кој е „потхранет од вашите американски даноци и јастребите на НАТО“.

Притоа писмото, односно објавата е полна со јазични, граматички и интерпункциски грешки. Личи како лош превод на којшто не му било посветено внимание пред да биде објавен, но и покрај тоа значителен број на Фејсбук корисници го споделиле.

Писмото циркулира на англиски јазик на Фејсбук најмалку од октомври минатата година. Неодамнешното ширење на писмото се чини дека е предизвикано од објава на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) на 25 декември 2023 година, која е прегледана 3,8 милиони пати.

 

Но, иако писмото му се припишува на Путин, нема докази дека тој е авторот.

Пребарувајќи ги клучните зборови и пасусите од писмото, не можевме да најдеме никакво спомнување на ниту еден веродостоен медиум, ниту на веб-страницата на Кремљ каде обично се објавуваат обраќањата и говорите на Путин.

Го преведовме писмото на руски со помош на алатка за превод и баравме делови од него на Гугл. Се чини дека писмото циркулирало на руски уште во пролетта 2022 година. Не е јасно кој е првичниот автор на писмото. Најраниот пример што го најдовме беше објава на руската платформа ОК на 10 април 2022 година, но и таму нема линкови или референци до кој било оригинален извор.

Вакво писмо не може да се најде ни на официјалната веб-страница на претседателот на Русија ниту во делот на руски јазик, ниту на англиската верзија на сајтот. Во постот не е посочен ниту еден извор за писмото, ниту пак, има место и време кога Путин го напишал и објавил ова писмо и со која цел.

Ниту медиумските пребарувања не даваат какви било резултати дека постои вакво писмо. Доколку Путин навистина напишал писмо до граѓаните, сегменти од него ќе беа пренесени од страна на светските медиуми и агенциски мрежи, како руски, така и надвор од Русија.

Несомнено, станува збор за комплетно фабрикувано писмо, коешто е споделено како да напишано од Путин, иако тоа не се случило.

Доколку не издвоите време да проверите дали тој навистина објавил вакво писмо, може многу лесно да поверувате во напишаното. А, такви се сите коментари под оваа објава од кои се гледа дека луѓето поверувале дека Путин им се обратил преку писмо.

Фото: Дел од коментарите под објавата на Фејсбук

 

Имајќи предвид дека никаде не може да се пронајде наводното писмо на Путин, оваа објава на Фејсбук ја оценуваме како измислена, односно невистинита. Со содржини од ваков вид се создава фасцинација и фаворизирање на Русија врз основа на манипулација и се негува култот на личноста на Путин.

hubmk

Трамп планира да потпише околу 100 извршни наредби по инагурацијата

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп се очекува да потпише околу 100 извршни наредби во рок од неколку часа по преземањето на функцијата, пренесува Њујорк Тајмс. Активности што ќе започнат во близина на местото...

АНАЛИЗА: Кредити на државата во 2025

Само за една година внатрешниот долг на државата се зголемил за 600 милиони евра. Од надвор – Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра ќе биде клучен за инфраструктурните проекти. И годинава...

Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје

Во најкус можен рок е нормализирана испораката на топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина. Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска...

Измама е дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се тврди дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци. Преку измислено интервју со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши се наведуваат граѓаните да инвестираат во...

Трамп планира да потпише околу 100 извршни наредби по инагурацијата

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп се очекува да потпише околу 100 извршни наредби во рок од неколку часа по преземањето на функцијата, пренесува Њујорк Тајмс. Активности што ќе започнат во близина...