Нафтените компании уште во 1950-те години знаеле за опасноста од климатските промени

Обелоденети документи покажуваат дека енергетското лоби финансирало истражувања за последиците на емисиите на ЦО2 многу порано од што досега било познато

-

Обелоденети документи покажуваат дека индустријата за фосилни горива финансирала основоположнички истражувања за ефектите на загадувањето и емисиите на ЦО2 уште во 1954 година, известува Гардијан.

Група на нафтени компании, под името „Фондација за аерозагадување“, финансирале истражување за мерење на нивото на ЦО2 во атмосферата, како и за откривање на причинителот за смогот во Лос Анџелес.

Овие истражувања биле предводени од реномираниот климатски научник Чарлс Килинг. Килинг е познат по „килинговата крива“, односно проект кој од 1958 година го мери нивото на ЦО2 во атмосферата. Кривата се смета за една од најважните научни проекти на 20. век.

„Можните последици од растечката концентрација на CO2 во атмосферата во врска со климата може да биде од највисока важност за нашата цивилизација, особено во врска со стапките на фотосинтеза и нивото на јаглерод диоксид во океаните“, пишува Семјуел Епстајн, директорот на истражувањето на Килинг, во документот во кој бара средства за истражувањето.

Ова истражување се извршило децении пред климатските истражувања во 1970-те години поддржани од „Ексон Мобајл“, кои досега се сметаа за првите климатски истражувања поддржани од нафтените компании. Сознанието за истражувањето на Килинг укажува дека ефектите на климатските промени се познати долго време, а истите компании потоа лобирале за користењето на фосилните горива и финансирале групи кои промовирале теории кои ги доведувале во прашање климатските промени.

„Фондација за аерозагадување“ напишала во документ за своите политики од 1955 година оти проблемот со аерозагадувањето, предизвикано од емисиите на автомобили, камиони и фабриките, претставува една од најсериозните закани во Калифорнија и други урбани средини. Стои дека ова прашање ќе се реши преку „искрено откривање на фактите, со мудро и ефективно дејствување“.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...