fbpx

Германија пилотира четиридневна работна недела

Мерката се презема како начин за справување со недостигот на работната сила - се смета дека поголемата продуктивност на работниците кои работат четиридневна работна недела, ќе доведе до тоа помалку работници да ја завршуваат истата работа

-

Почнувајќи од денеска, 45 компании и организации во Германија ќе пилотираат шестмесечна програма за четиридневна работна недела, при што платите на работниците ќе останат исти.

Како голем број светски економии, Германија се справува со недостиг на работна сила. Иако можеби звучи контраинтуитивно, оваа експериментална четиридневна работна недела се воведува како мерка за справување со овој недостиг.

Се смета дека работниците кои работат помалку денови во неделата имаат подобар баланс меѓу „животот и работата“, што доведува до поголема спокојност, што, пак, ја зголемува продуктивноста на работниците. Се смета дека оваа дополнителна продуктивност може да го избалансира пазарот на труд.

Дополнително, тие кои се залагаат за четиридневната работна недела сметаат оти истата може и да привлече работници кои не сакаат да работат петдневна работна недела.

Иницијативата во Германија е предводена од „4 Day Week Global“, непрофитна организација која има работено на иницијативи за четиридневни работни недели во повеќе држави.

Во иницијатива во која беа вклучени речиси 3.000 работници во Обединетото Кралство, 40 отсто од учесниците чувствувале помалку стрес кога работеле четири наместо пет дена во неделата. Дополнително, бројот на оставки во компаниите се намалил за 57 отсто и бројот на денови земени за боледување се намалил за две третини.

Можеби најважно, во британскиот експеримент со скратена работна недела, прометот на 56 од 61 компанија се зголемил за 1,4 отсто.

Но, според економистот Ензо Вебер, во вакви експерименти учествуваат само компании чија работа може да се адаптира во четиридневна работна недела, односно дека други полиња, како здравство или шпедиција, нема да можат лесно да се адаптираат.

Дополнително, Вебер смета дека одредени долгорочни проблеми не избиваат на површина во шестмесечни студии. Имено, збивањето на работата од пет дена во четири дена може да штети на креативните и социјалните елементи на работата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...