Откриени разлабавени завртки на „Боинг“ авиони, по инцидент кога при полетување се откачи врата

„Јунајтед ерлајнс“ изврши инспекција на неколку „Боинг“ авиони откако на почетокот изминатата недела се откачи вратата за итни случаи при полетување на „Боинг“

-

„Јунајтед ерлајнс“ изврши инспекција на „Боинг“ авиони од линијата „737 Макс 9“, откако изминатата недела се откачила врата на авион од истата линија при полетување. При инспекцијата, биле откреини голем број завртки на кои им требало затегнување и друг разлабавен хардвер, известува Би-би-си.

Инцидентот кој ја предизвика инспекцијата се случи на 5 јануари кога при полетувањето на „Боинг 737 Макс 9“ од „Алјаска ерлајнс“ се откачила вратата за итни случаи при полетувањето. За среќа, никој не седел во двете седишта до вратата. Дополнително, авионот не постигнал голема височина кога се откачила вратата.

Доколку вратата се откачила подоцна, разликата во притисок меѓу надворешноста и внатрешноста на авионот можела да доведе до тоа патниците да бидат извлечени надвор. Сепак, доволна била разликата на летот на „Алјаска ерлајнс“ за да повлече неколку телефони, слушалки, како и дел од маицата на дете. За среќа, нема сериозно повредени.

Најголем дел од оваа серија авиони се користени од „Јунајтед ерлајнс“ и „Алјаска ерлајнс“, кои веќе откажаа стотици летови.

Пилотите на авионот на „Алјаска ерлајнс“ велат дека неколкупати претходно забележале дека се вклучиле светлата за предупредување за низок притисок. Поради тоа, избегнувале да летаат над море.

Дополнително, претходно се имаат случено неколку несреќи со постари верзии на серијата „737 Макс“ на „Боинг“. Во 2018 и 2019 година се случија две несреќи со авионите во кои умреле вкупно 346 луѓе. Во двата случаи имало грешки во софтверските одлуки, но и се забележале пилотите како се обидуваат да се „борат“ против софтверот.

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...