fbpx

Украинските сили собориле руски шпионски и команден авион

ОН бара 4,2 милијарди долари од донаторите за поддршка на Украина и украинските бегалци за 2024 година

-

Украина соопшти дека соборила руски шпионски авион А-50 и команден авион Ил-22 во областа на Азовското Море, пренесе „Гардијан“.

Началникот на армијата Валериј Залужњи, на Телеграм напишал дека воздухопловните сили на Украина уништиле непријателски авион за откривање радар со долг дострел А-50 и непријателски воздушно контролен центар ИЛ-22.

„Благодарен сум на воздухопловните сили за совршено планираната и извршената операција во регионот на Азовското Море“, напиша тој.

Во меѓувреме, шефот за помош на Обединетите нации, Мартин Грифитс, ги повика дипломатите во Женева да не забораваат на Украина и покрај тоа што има многу други места во светот кои го привлекуваат вниманието. ОН бара 4,2 милијарди долари од донаторите за поддршка на Украина и украинските бегалци.

„Намерно ја намалуваме сумата на пари што ја бараме, не затоа што мислиме дека потребите се намалуваат на народот на Украина, туку затоа што треба да дадеме приоритет“, рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...