fbpx

Израел со напад врз Газа, додека се чека одговорот за ослободување на тројца заложници

Дванаесет Палестинци загинаа, а повеќемина се ранети во израелски воздушен напад во текот на ноќта врз куќа во градот Газа на север, соопштија здравствените власти, додека чад се издигнува и над главниот јужен град Кан Јунис, гранатиран од израелски тенкови

-

Израелските сили денеска бомбардираа цели на југот, северот и центарот на Газа, пред очекуваното соопштение на Хамас за судбината на тројца Израелци кои се држат како заложници од палестинската милитантна група, а беа прикажани на видео клип за време на викендот, јавува Ројтерс.

Дванаесет Палестинци загинаа, а повеќемина се ранети во израелски воздушен напад во текот на ноќта врз куќа во градот Газа на север, соопштија здравствените власти, додека чад се издигнува и над главниот јужен град Кан Јунис, гранатиран од израелски тенкови.

Палестинската новинска агенција САФА, блиска до Хамас, известува за жестоки судири меѓу милитантите на Хамас и израелските сили во Кан Јунис, додека израелски тенкови биле забележани и во близина на бегалските кампови Ал-Бурејџ и Ал-Магази во Централна Газа.

Комуникациите низ тесниот крајбрежен Појас Газа се прекинати четврти ден по ред.

Во соопштението, израелската војска соопшти дека убила двајца палестински борци во воздушен напад врз нивното возило додека превезувало оружје во Кан Јунис, а исто така извршила рација во командниот центар на Хамас и погодила две складишта за оружје.

Инаку, тројцата Израелци се дел 240-те заложници киднапирани од исламистичките милитанти на Хамас за време на ненадејниот напад врз цивили во јужен Израел на 7 октомври.

За нападот од Хамас, Израел тврди дека се убиени повеќе од 1.200 луѓе, нешто што започна војна и контраофанзива, која трае веќе 100 дена. Оттогаш поголемиот дел од Газа е претворен во пустелија, убиени се околу 24.100 луѓе и ранети речиси 61.000.

Здравствените власти соопштија дека 132 луѓе се убиени во изминатите 24 часа.

Израелската војска соопшти дека ќе посвети повеќемесечни операции против лидерите и позициите на Хамас на југ, по почетната сеопфатна офанзива насочена кон северниот крај на Појасот.

Обединетите нации денеска го обновија апелот за хуманитарен прекин на огнот во Газа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...