fbpx

Одбраната бара куќен притвор за таткото на убиената Вања Ѓорчевска

Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски, вели дека неговиот клиент за време на истрагата воопшто не бил повикан во обвинителството да даде исказ

-

Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски, татко на 14-годишната Вања Ѓорчевска која беше киднапирана и пронајдена убиена на 3 декември годинава, бара да му биде определен куќен притвор.

Ѓорчевски се сомничи дека тој наводно помагал на останатите четворица преку давање информации за неговата ќерка, односно за времето кога таа ќе оди на училиште, за да може да биде грабната. Нему првично му беше определен 48-часовен притвор, а потоа доби уште 30 дена во Истражниот затвор во Шутка. За сето ова време, како што тврди неговиот адвокат, тој не бил повикан во обвинителството да даде исказ.

„До надлежниот јавен обвинител е доставена ургенција за постапување, со оглед дека лицето има дадено исказ во прелиминарна фаза на предистрага кога му бил определен краткотраен притвор, за да биде повикано во фаза на истрага да даде целосен исказ со кој ќе појасни што видел, слушнал и со кои лица преземал дејствија со цел пронаоѓање на неговата ќерка во период од 27 ноември до денот на неговото лишување од слобода. Дополнително, треба да даде исказ со кого и на кој начин ги обезбедувал и предавал видеозаписите на полициските службеници, како и за многу други прашања битни за целосно расчистување на овој настан“, изјави Туфегџиќ.

За двете убиства, во притвор се Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се осомничени за грабнување и помагање на убиство и на Ѓорчевска и на Жежовски. Во притвор е и Стефан Димковски кој е осомничен дека му помогнал на првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо да избега во Турција.

Палевски се наоѓа во привремен затвор во Беликесир, Турција и за него тече постапката за екстрадиција во Македонија.

Во саботата, екстремниот српски десничар Срѓан Ного објави емисија која трае повеќе од еден час, која во најголем дел се базираше на тоа дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, не сноси вина за случајот и дека нема никаква поврзаност со убиството на неговата ќерка. Тој тврди дека случајот претставува класична ликвидација, а не обид за барање откуп.

Дополнително, Ного објави и снимки од наводен разговор меѓу Ѓорчевски и полициски службеници, кои, според српскиот политичар, укажуваат на тоа дека таткото самиот го решил случајот, односно на полицијата ѝ предал материјали за автомобилот „Цитроен“ со кој е киднапирана неговата ќерка. Во емисијата објавени се и снимки од 74-годишниот Панче Жежовски, од денот кога бил киднапиран и убиен. Сè уште не е јасно како вакви доказни материјали се нашле во рацете на контроверзниот српски десничар.

Малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...