fbpx
Свет Балкан Страница 196

Балкан

Прекинат меѓународниот железнички сообраќај во Словенија и во Хрватска

„Словенечки железници“ целосно го сопреа меѓународниот сообраќај на граничните премини со Хрватска. Железничкиот сообраќај е во прекин и на граничните премини со Србија и со Унгарија, објавија денеска „Хрватски железници“. По одлуката која е донесена поради вонредната ситуација со мигрантите, „Словенечки железници“ воведоа дополнителен превоз со автобуси,...

Унгарска војска на границата со Хрватска, во Словенија влегле 2.000 мигранти

Бегалската криза се заострува во Хрватска, Словенија и во Унгарија. Од почетокот на кризата до вчера, во Хрватска влегле 21.000 мигранти, но во меѓувреме, голем број од нив и ја напуштиле државата. Австрија се заканува дека бегалците ќе ги врати во Словенија, каде од Хрватска досега...

Грција гласа: Први избори со неизвесност за победникот

По само осум месеци од изборот на владата на СИРИЗА, грчкиот народ денеска повторно излегува да гласа на парламентарни избори. Повеќе од 9,8 милиони Грци што имаат право на глас, денеска ќе треба да се определат која партија и политичка опција да одлучува за нивната иднина...

Во Словенија илегално влегле 1.100 мигранти

Словенечката полиција соопшти дека утрово, од Хрватска во Словенија илегално влегле повеќе од 1.100 бегалци. Тие биле сместени во прифатните центри, јавува словенечката агенција СТА. Според словенечките официјални лица, оваа бројка на бегалци не е конечна. Исто така, десетици бегалци се повредени синоќа, кога словенечката полиција фрлила...

Косово: Ни се закануваат три потенцијални терористички групации

Владата на Косово во стратегијата за предупредување од насилен тероризам, наведува дека идентификувала три терористички групации, пишува весникот „Коха диторе“. Во документот што овој весник го има на увид, а владата на Косово го усвоила неделава, со страв се гледа на враќањето на државјаните на Косово,...

Петгодишно девојче загина, а 13 мигранти исчезнаа кај островот Лезбос

Едно петгодишно девојче загина, а 13 мигранти исчезнаа во морето кај грчкиот остров Лезбос, соопшти грчката крајбрежна стража. Портпаролот на крајбрежната стража, Никос Лагадијанос, изјави дека 11 лица се спасени во морето меѓу островот Лезбос и крајбрежјето на Турција, додека едно лице само допливало до...

„Гардијан“: Хрватска е неспособна да одговори на бранот бегалци

„По хаосот во кој се најдоа на влезот во Унгарија, бегалците од Блискиот Исток доживуваат нови трауми, сега на влезот во Хрватска. Уште едно тесно грло на границата покажува дека таа земја е неспособна да излезе на крај со најголемиот бран на масовна миграција...

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за бегалската криза

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за да им помогне да се справат со зголемениот прилив на бегалци, рече норвешкиот министер за надворешни работи, Борге Бранде. Бранде рече дека една половина од парите ќе ѝ бидат дадени на Србија за надградба...

Николиќ: Одговорноста за кризата со бегалците е на основачите на ЕУ

Томислав Николиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека одговорноста за решавање на кризата со бегалците лежи главно кај основачите на Европската унија, кои топката на тешката ситуација ѝ ја префрлаат на Србија, што не е ниту морално, ниту природно, а нема да биде ни одржливо бидејќи...

Затворени границите на Хрватска, бегалците влегуваат илегално

Иако граничните премини со Србија се затворени, приливот на бегалци во Хрватска не е запрен, тие преку полињата и илеганите патишта влегуваат во земјата. Во текот на ноќта до границата стигнаа околу 30 автобуси и сите бегалци влегле во Хрватска. Полицијата ги собира долж таканаречената...

Златна зора презеде политичка одговорност за убиството на раперот Павлос Фисас

Лидерот на неонацистичката Златна зора, Никос Михалолиакос, презеде политичка одговорност за убиството на раперот Павлос Фисас од страна на симпатизер на партијата. Сепак, според него, партијата нема кривична одговорност за делото. - Преземаме политичката одговорност за убиството во Керацини (населбата каде беше убиен Фисас н.з.), но...

Словенија воведува привремени гранични контроли

Словенија ќе воведе привремена погранична контрола на својата граница со Унгарија поради бегалската криза, изјави денеска премиерот Миро Церар. Словенија, која се граничи со Австрија, Италија и со Хрватска, се подготвува за прилив на мигранти откако Унгарија ја затвори својата граница со Србија, поради што...

Орбан најави ограда и на границата со Романија

Унгарија ќе подигне ограда и долж деловите на својата граница со Романија, соопшти денеска премиерот Виктор Орбан. - Донесена е одлука за подигнување ограда и на границата со Романија – рече Орбан. Романија денеска го повика унгарскиот амбасадор поради планот на Будимпешта да ја продолжи граничната...

Првите бегалци пристигнаа во Хрватска

Изутринава, во 4.30 часот, на автобуската станица во Шид, Хрватска, пристигна првиот автобус со 70 бегалци од Сирија, Авганистан, Пакистан, Ирак и од Мавританија. Потоа, пред пристигнувањето на хрватската граница, неколку бегалци се упатиле пеш, преку пченкарното поле во Товарник. На привремена станица, спроти прифатниот центар...

СИРИЗА останува посветена на ставот за сложено име за севкупна употреба

СИРИЗА на само неколку дена пред отворањето на гласачките места, конечно ја претстави својата политичка програма. Од програмата долга 145 страници, на плановите за решавање на спорот за името им се посветени само неколку реченици. Според програмата, левичарската партија останува на познатите грчки црвени линии....

Предизборната дебата во Грција без јасен победник

Првата тет-а-тет телевизиска изборна дебата меѓу лидерите на двете најпопуларни партии, СИРИЗА и Нова демократија, заврши без јасен победник. Пред шест години, кога за последен пат Грција имаше предизборно соочување на Јоргос Папандреу и на Костас Караманлис, Папандреу излезе како јасен победник, најавувајќи ја...

САД ѝ подарија на Хрватска 16 борбени хеликоптери

Американскиот конгрес пред неколку недели ја одобрил испораката за Хрватска на 16 лесни разузнавачки борбени хеликоптери „кајова вориор“, информира хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Вкупната вредност на подарокот изнесува 100 милиони долари, а во следните три години хрватската армија ќе треба да плати околу 20 милиони...

Исламска држава им се закани на амбасадите на Јапонија и на Саудиска Арабија во Сараево

Властите во Босна и Херцеговина под засилени мерки за безбедност ги ставија амбасадите и резиденциите на Јапонија и на Саудиска Арабија, кои се најдоа под директна закана од напади од членови на џихадистичката група Исламска држава, информира весникот „Независне новине“. Информацијата на весникот е потврдена...

Меимаракис: Коалицијата на СИРИЗА и на Нова демократија е последната шанса за спас на Грција

Коалициската влада на Нова демократија и на СИРИЗА е последната шанса за спас на Грција, според првиот човек на десничарската партија, Евангелос Меимаракис. Лидерот на Нова демократија ова го изјави во интервју за агенцијата „Ројтерс“, останувајќи на ставот дека без оглед на сè, двете најголеми...

Романија нема да ги прифати бегалските квоти

Романија нема да ги прифати новите квоти на Европската комисија за прием на бегалци, изјави романскиот претседател Клаус Јоханис. Романија веќе примила 1.785 бегалци, но според новиот предлог на Европската комисија, би требало да прими вкупно 6.351 лице, што во Букурешт се смета за неприфатливо. Јоханис...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...