fbpx

Романија нема да ги прифати бегалските квоти

-

Романија нема да ги прифати новите квоти на Европската комисија за прием на бегалци, изјави романскиот претседател Клаус Јоханис.

Романија веќе примила 1.785 бегалци, но според новиот предлог на Европската комисија, би требало да прими вкупно 6.351 лице, што во Букурешт се смета за неприфатливо.

Јоханис рече дека романскиот министер за внатрешни работи в понеделник ќе отпатува за Брисел за да го разгледа тоа прашање.

– Тој има мандат да каже дека нема шанси Романија да се согласи на обврзувачките квоти – рече Јоханис.

Романскиот претседател ја обвини ЕУ дека се обидува да ги распореди бегалците на бирократски начин, без да се консултира со земјите-членки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел оди во финалето на Евровизија и покрај протестите со поддршка за Газа во Малме

Израелскaта пејачка Еден Голан се квалификуваше за финалето на Евровизија после јавното гласање. Нејзината победа следуваше неколку часа откако илјадници пропалестински демонстранти се собраа на улиците на Малме, Шведска, каде...