fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ има синдром наречен уривање

-

Тоа што е договорено ќе се реализира, а најдобар показател за тоа е фактот дека Никола Груевски инсистира да има специјален јавен обвинител, како услов СДСМ конечно да се појави пред народот и да го погледне в очи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, според кој Груевски не сака да се избере специјален обвинител.

„Во СДСМ има синдром наречен уривање. Тие секогаш зборуваат само за тоа што ќе уриваат, што ќе извадат и што ќе корнат. Ниту еднаш не кажаа што ќе направат и што ќе изградат. СДСМ 20 години нема ставено ниту еден шраф, нема изградено ниту еден објект. Тие не знаат да градат. Пред СДСМ да реагира и до владата на САД и на Германија зошто Белата куќа е со ограда и зошто Бундестагот е со ограда, сакаме да ги информираме дека просторот пред Владата на Република Македонија ќе биде отворен и хортикултурно разубавен, а истовремено би сакале да ги потсетиме дека токму седиштето на СДСМ отсекогаш било оградено како бункер. Доколку Петре Шилегов беше загрижен за, како што вели, узурпацијата на еден од поубавите јавни простори, требаше да се врати и да го исчисти ѓубрето што го остави зад себе по узурпацијата на истиот простор уништен од активистите на СДСМ, а за чие чистење Градот Скопје потроши еден милион денари“, се додава во реакцијата на ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...