петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: ограда | 63 резултати

Возачите негодуваат за лошата состојба на автопатот Скопје – Велес

25 февруари 2020

Нереконструиран коловоз и дупки во асфалтот, одрони на патот, недоволно осветлување на критичните места и недоволно одржување во зимските месеци се само дел од забелешките на граѓаните што патуваат на автопатот меѓу Скопје и Велес. Тие плаќаат патарина од 120 денари по еден правец. Најгласни во негодувањата за состојбата на автопатот Скопје – Велес – […]

Токсичниот линдан во Пеленица доби жичана ограда, но без никакви ознаки, забрани или предупредувања

20 мај 2019

Оградена е депонијата на линдан лоцирана во месноста Пеленица блиску до скопската населба Драчево. По потврдата од Министерството за животна средина нашата екипа беше на локацијата и таму навистина затекнавме ограда, но од обична жица, со жичана врата и катанец, без никакви ознаки за што станува збор или предупредувања и забрани. По повеќе од три […]

Објавен тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица

25 март 2019

Министерство за животна средина и просторно планирање го објави тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица. Тендерот првично беше најавен за до крајот на 2018 година, а потоа за до крајот на јануари оваа година, па на 11 март, за конечно да биде објавен на 22 март. Проценетета вредност на тендерот, […]

Тендерот за оградата на депонијата со линдан во Пеленица треба да се објави в понеделник

7 март 2019

Тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица треба да биде објавен во понеделник, информира за „Мета“, државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска. Тендерот првично беше најавено за до крајот на 2018 година, а потоа и за до крајот на јануари оваа година. Петровска вели дека […]

Автопатот Штип – Миладиновци е пуштен со времен сообраќаен режим

6 март 2019

Многу шпекулации излегоа деновиве за пуштањето на автопатот Штип – Миладиновци, каде веќе десетина дена нормално се вози. Без застој или пренасочување може да се помине целиот автопат и од Штип до Скопје се доаѓа за педесетина минути. Веројатно поради тоа се подгреаја шекулациите дека патот деновиве ќе биде пуштен во употреба. Неофицијално дури имаше […]

Два метра висока ограда ќе добие депонијата со токсичен линдан во Пеленица, Драчево

11 февруари 2019

Тендерот за оградување на депонијата со линдан во излетничкото место Пеленица во Драчево ќе биде објавен деновиве, а оградувањето ќе се направи во најбрз можен рок, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета“. Ана Петровска, државната секретарка во Министерството, вели дека спецификациите за оградата се готови и дека е прашање на […]

Унгарија: EП го пика носот каде што не му е место, Груевски ја бранеше Европа

30 ноември 2018

Откако Европскиот Парламент (ЕП) вчера при гласањето за резолуцијата за Македонија усвои и два амандмани за азилот на Никола Груевски во Унгарија, со кои се бара негова екстрадиција во Македонија, од Унгарија стаса остар одговор. Владиниот портпарол, односно Државниот секретар за меѓународна комуникација на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Золтан Ковач, во интервју за […]

Стефановиќ: Не постои жица што ќе ги сопре мигрантите

4 јули 2017

Поединечните решенија на некои земји како Унгарија, не го решаваат проблемот со мигрантите, туку само го продлабочуваат, порача министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, откако вчера владата на Унгарија објави дека наредила пробно да се пушти во употреба новата „умна“ ограда на границата со Србија, која има струја под напон од 900 волти, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови проекти – првата мерка на СДСМ е уривање

6 јуни 2017

Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните. Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на СДСМ во 2017 година е уривање на нешто што е веќе изградено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение денеска. Партијата порачува дека граѓаните се против […]

Литванија подигнува ограда на границата со Русија

5 јуни 2017

Литванија почна да гради ограда на границата со руската енклава во Калининград во обид да спречи криумчарење и илегална имиграција, како и да ги зајакне надворешните граници на ЕУ. На церемонијалниот почеток на изградбата присуствуваше и министерот за внатрешни работи на Литванија, Елмутис Мисиунас. Проектот подразбира и електронски системи за надзор и дронови. Се предвидува […]

Заев: На првата седница се економските закони и кадровските решенија

5 јуни 2017

Пакет економски закони, распределување на ресорите и портфолијата на министрите без ресори, поставување на заменици на претседатели на Владата, избор на генерален секретар и шеф на кабинет и формирање на постојните и на адхок комисиите, ќе бидат темите на дневен ред на денешната прва седница на новата Влада, закажана за 14 часот, најави премиерот Зоран Заев. […]

Ветер од 100 километри на час причини штета во Штип

19 април 2017

Силниот ветер што од синоќа во Штип дува со брзина од 100 километри на час, искрши дрвја и гранки, соголи покриви, главно на стари и напуштени куќи, урна билборди, а штипјани ги остави без сон. Од силината на ветерот има искинати кабли од електричниот систем. Еден скинат кабел од ноќеска и попладнево остана припоен на […]

Шешељ: На границите треба ограда или минско поле за заштита од мигранти

26 март 2017

Кандидатот за претседател на Србија и лидер на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, во синоќешното преставување на РТС рече дека на државните граници би требало да се подигне ограда за да се спречи илегалниот прилив на мигранти, а доколку тоа не е доволно, тогаш треба да се постави минско поле. Лидерот на радикалите рече дека […]

Тетовци ја оградуваат дивата депонија, нема да дозволат да се истура смет

28 февруари 2017

Револтирани жители од тетовската населба Деребој, од утре нема да дозволат тетовскиот отпад да се претовара на влезот од градот, на локацијата која е претворена во дива депонија. Утринава почнаа да ја оградуваат локацијата и најавија дека од утре нема да ги пропуштаат камионите на Јавното комунално претпријатие Тетово, на ова место да го истура […]

Бугарија подигнува стокилометарска жичена ограда

5 октомври 2016

Бугарија ќе постави жичена ограда долга 100 километри долж границата со Грција и со Турција, распоредувајќи илјада граничари да го спречат приливот на мигранти, јавуваат грчките медиуми. Заедно со постојната структура, вкупната должина на оградата ќе надмине 200 километри. Во бугарските погранични патроли учествуваат припадници на бугарската војска и на агенцијата Фронтекс. Бугарија ги зајакна […]

Србија размислува за ограда на границата со Македонија и со Бугарија за заштита од мигранти

15 септември 2016

Српскиот министер за труд, Александар Вулин, вчера изјави дека е време да му предложи на премиерот Александар Вучиќ, по неговото враќање од Париз, подрастични мерки за заштита на границата со Македонија и со Бугарија од прилив на нови мигранти. Тој нагласил дека едно од можните решенија е поставување „бариери или одредени препреки“, а причината што […]

Унгарија ќе подигне уште една ограда на границата со Србија

26 август 2016

Унгарија планира да изгради уште една ограда на својата јужна граница со Србија, за да го спречи влегувањето на мигранти, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој рече дека новата ограда, која ќе биде изградена покрај веќе постојната, ќе ја зајакне одбраната за да се спречи евентуалниот прилив на стотина илјади лица, доколку се промени […]

Битолските фармери Илиевски и Неделковски повикани на распит во ОЈО Скопје

18 јули 2016

Скопското јавно обвинителство им испратило покани за распит на битолскиот фармер Душко Илиевски и на тутунарот Кире Неделковски, поради учеството на протестите во Скопје во април годинава, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. Илиевски и Неделковски, според поканите што им биле доставени, биле осомничени за учество во […]

Бугарија изгради 35 километарска ограда кон Турција

31 мај 2016

Бугарија изгради уште 35 километри ограда на границата со Турција во регионот Јамбола за да ги спречи илегалните преминувања на мигрантите. Во истата област веќе постои ограда со должина од 30 километри. Регионалниот гувернер Димитер Иванов рече дека е изграден и пристапен пат и додаде дека поради тешкиот и непристапен терен како и поради непостојаната […]

Жена загина во тешка сообраќајна несреќа во Прилеп

30 мај 2016

Триесет и петгодишна жителка на селото Боротино го загубила животот во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила во Прилеп, на мостот на градската река, во близина на магацините на „Центропромет“, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, возилото, марка „опел астра“, што го управувал сопругот на починатата, удрило и ја пробило металната […]

Страна 1 од 3