Шешељ: На границите треба ограда или минско поле за заштита од мигранти

-

Кандидатот за претседател на Србија и лидер на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, во синоќешното преставување на РТС рече дека на државните граници би требало да се подигне ограда за да се спречи илегалниот прилив на мигранти, а доколку тоа не е доволно, тогаш треба да се постави минско поле.

Лидерот на радикалите рече дека е горд што толку години поминал во Хашкиот трибунал, како и дека тоа нема да му биде пречка во односите во регионот доколку победи на изборите.

Тој рече дека никогаш нема да се откаже од идејата за „голема Србија“, наведувајќи дека таа не опфаќа само православни Срби, туку и Срби католици и муслимани.

Одговарајќи на наводите дека тој му е на Вучиќ најомилен опозиционер, Шешељ рече дека Вучиќ му е поблизок отколку другите опозициски кандидати, но дека не му е доволно близок за со него да прави влада сè додека не се откаже од членството во ЕУ.

На Шешељ ова му е шести пат да се кандидира за претседател на Србија, а според изборните предвидувања, тој е на четврто или петто место помеѓу 11 кандидати со поддршка далеку под 10 отсто.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...