fbpx

Нема пари за анализи на депонијата на токсичен линдан кај Пеленица, ќе се бараат преку донатори

-

Испитувањето на почвата во локалитетот Пеленица кај Драчево, потенцијално складиште на опасен линдан од ОХИС, нема да започне оваа година. Во Министерството за животна средина велат дека немаат формирано буџет за анализи на локацијата, но се работи на тоа пари да се обезбедат преку донатори.

Пеленица е четвртата депонија на отровната супстанца, откако, покрај двете веќе познати, во рамките на дворот на ОХИС се откри и трета. Се претпоставува дека се работи за околу 8.000 тони опасен пестицид, кој овде бил складиран во седумдесеттите години на минатиот век, откако било забрането производството и употребата на линданот. Локалитетот, кој во близина на драчевскиот манастир Пеленица, е посетуван од локалните жители и ученици на екскурзии. Од минатата година депонијата е oградена, за да се оневозможи директен пристап, со оглед на тоа дека почвата се уште не е испитана.

Во врска со локалитетот Пеленица, за оваа година не се обезбедени финансиски средства за отпочнување на анализите што треба да претходат на идна ремедијација. Но, МЖСПП е во кординација со повеќе донатори за да го испита нивниот интерес за изработка на овие анализи. Исто така, оворена е можноста да се обезбедат средства за чистење на линданот, доколку се докаже негово присуство на Пеленица, преку ИПА 3 програмата, чие програмирање ќе започне оваа година, информираат од Министерството за животна средина.

По откривањето на депонијата, пред повеќе од една година беше најавено дека ќе се создаде тим од министерствата за животна средина, внатрешни работи одбрана и други кои имаат ресурси за постапување со опасен отпад за да се земат примероци и да се утврди во каква состојба е почвата. Иако локацијата се згради, проблемот, вели професорот Трајче Стафилов е да се утврди во каква состојба е линданот под земја и дали ги доведува во опасност подземните води и почвата.

Доколку е соодветно запечатен и складиран, можеби е подобро така и да се остави. Сепак, ќе мора да се направат испитувања на локацијата, да се утврди состојбата пред да се донесе конечната одлука. Тоа се обемни работи и анализи кои бараат големи финансиски средства. Но, опасноста која демне оттаму и генерално од ОХИС како жешка точка, ја прави ситуацијата ургентна, без можности за нови одложувања, вели Стафилов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...