fbpx

Тендерот за оградата на депонијата со линдан во Пеленица треба да се објави в понеделник

-

Тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица треба да биде објавен во понеделник, информира за „Мета“, државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска.

Тендерот првично беше најавено за до крајот на 2018 година, а потоа и за до крајот на јануари оваа година. Петровска вели дека Министерството веќе ја испратило спецификацијата за оградата до Бирото за јавни набавки, но дека им била вратена.

– Нè вратија од Министерството за финансии односно од Бирото за јавни набавки бидејќи од брзање спецификацијата за оградата не беше придружена со потребната документација. Ги направивме потребните документи, го изработивме проектот и тендерот би требало да биде објавен в понеделник – вели Петровска.

На прашање дали предизборниот период ќе го попречи реализирањето на тендерот, Петровска вели дека тоа нема да биде случај затоа што тендерот е влезен во планот на Mинистерството од претходно, а според планот дозволено е тој да биде објавен и реализиран и во изборен период.

Спецификацијата на оградата на депонијата на која се претпоставува дека има токсичен линдан предвидува таа да биде од жица, два метри висока и долга 350 метри за да го опфати целиот простор.

„Мета“ во декември минатата година објави дека во месноста Пеленица во Драчево, постои илегална депонија на која се наоѓаат неколку илјади тони токсичен отпад линдан кој потекнува од фабриката ОХИС и таму го фрлале работници пред да се направат големата и малата депонија на територијата на фабриката.

На ова место основните училишта редовно одржуваа детски екскурзии кои Министерството за образование и наука по пишувањето на „Мета“ забрани да се одржуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...