fbpx

Србија размислува за ограда на границата со Македонија и со Бугарија за заштита од мигранти

-

Српскиот министер за труд, Александар Вулин, вчера изјави дека е време да му предложи на премиерот Александар Вучиќ, по неговото враќање од Париз, подрастични мерки за заштита на границата со Македонија и со Бугарија од прилив на нови мигранти.

Тој нагласил дека едно од можните решенија е поставување „бариери или одредени препреки“, а причината што ја наведува е структурата на мигрантите, која е промената и сè поголем е бројот на економски мигранти.

– Имаме војска и полиција на границите, но можеби и бариерите или поставувањето одредени пречки е едно од решенијата да се намали бројот на мигранти – изјавил Вулин, додавајќи дека Србија не може да биде земја во која мигрантите ќе влегуваат, а потоа да не можат да излезат.

Изјавата на Вулин предизвика внимание и во европските земји. Неа ја пренесоа германската новинска агенција ДПА и весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, под наслов „Србија исто така сака огради против мигрантите“.

Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој денеска е во посета на Париз, во врска со ова прашање изјави дека тој е против подигнување огради и ѕидови, но порача дека Европската Унија мора да ја реши мигрантската криза на своите граници во Бугарија и во Грција.

„Изгледа дека јас останав единствениот во Европа кој е против ѕидови и огради. Ѕидовите не се потребни и не се добро решение за никого, но немојте да нè принудувате да мораме да кажеме дека ниту еден мигрант повеќе не може да влезе во Србија… Ние ќе го прифатиме својот дел од одговорноста, покажавме хумано лице и солидарност, но ние својата земја ќе знаеме да ја заштитиме“, рекол Вучиќ, пренесува „Б92“, и додадал дека посакува решение за мигрантската криза бидејќи „во даден момет ќе мора да донесе одлука“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...