fbpx

Унгарија: EП го пика носот каде што не му е место, Груевски ја бранеше Европа

-

Откако Европскиот Парламент (ЕП) вчера при гласањето за резолуцијата за Македонија усвои и два амандмани за азилот на Никола Груевски во Унгарија, со кои се бара негова екстрадиција во Македонија, од Унгарија стаса остар одговор.

Владиниот портпарол, односно Државниот секретар за меѓународна комуникација на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Золтан Ковач, во интервју за телевизијата „Ехо“ порача дека резолуцијата, односно амандманите, немаат правно дејство, дека ЕП си го пика носот каде што не му е место. Ковач рече и дека единствениот „грев“ на Груевски бил што кренал ограда и го спречил продорот на мигрантите.

-Постапката за политички азил на Груевски не е политичка, туку правна работа. Европскиот парламент нема никаква врска со екстрадицијата на Груевски и она што го прави е дека го пика носот таму каде што не му е местото. Верувам дека мнозинството пратеници гласаа за резолуцијата, иако тие немаат никаква врска со случајот Груевски.  Најголемиот грев на Груевски е што изгради ограда и застана во одбрана на Европа од тероризмот и миграцијата – изјави Ковач.

Дека амандманите немаат правно дејство, но сепак се „шлаканица“ за Унгарија, вчера изјави и ректорот на ФОН, Нано Ружин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Жена од кочанско Оризари пронајдена удавена во канал за наводнување

Осумдесет и деветгодишна жена од селото Оризари, Кочанско, утрово била пронајдена удавена во канал за наводнување во близина на селото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Удавената жена ја пронашол...