Изјавите на Вучиќ дека Србија нема да подига огради на своите граници не се остварија

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот.

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите istinomer.rs обработи една изјава на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неподигање огради на границите на Србија поради мигрантите.

Изјавата е дадена од Вучиќ во есента 2015 како тогашен премиер. Последниот пат кога зборува на таа тема е 20 ноември 2015 година, кога Вучиќ со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, гостувал на Факултетот за политички науки во Белград.

„Не добиваме ништо ако подигнеме бодлива жица, би се оградиле самите себеси“, изјавува тогашниот премиер на Србија.

Но претходно уште двапати дава речиси идентична изјава. Ден претходно во Ниш рекол дека Србија ќе продолжи „да прави сè за мигрантите да ги третира на најцивилизиран можен начин“.

„Бодливата жица не е сериозен одговор. Тоа не е никаков одговор. Бодливата жица е срамота за секого“, рекол Вучиќ во Ниш.

На 17 ноември истата година во Прешево рекол дека Србија нема да „подига жици“, дури и ако некои држави на ЕУ ги затворат границите.

И два месеца претходно го кажувал истото. Во почетокот на септември 2015 година нагласил дека Србија, додека е тој премиер, „никогаш нема да поставува огради, никогаш нема да подига ѕидови“. Во средината на август истата тодина рекол дека ЕУ замижала пред поставување жици во други држави, а дека Србија тоа нема да го направи, оти за него поставувањето жичени огради е „страшно“.

И една година потоа, во септември 2016 година, при тродневната посета на Париз, Вучиќ повторил дека е против подигање огради и ѕидови и дека прашањето на мигрантите ЕУ мора да го реши на своите граници во Грција и Бугарија.

Но, пет години по првите изјави дека С рбија нема да подига огради, земјата подига ограда на границата со Северна Македонија. Поради тоа, изјавите на Вучиќ зборуваат за недоследност, потенцира istinomer.rs.

Дводневен саем за пракса и вработување на Машински факултет

Студентите од техничкиот кампус при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, денеска на Машинскиот факултет го посетија саемот за пракса и вработување, кој ќе трае и утре. Целта е студентите...