fbpx

Словенија воведува привремени гранични контроли

-

Словенија ќе воведе привремена погранична контрола на својата граница со Унгарија поради бегалската криза, изјави денеска премиерот Миро Церар.

Словенија, која се граничи со Австрија, Италија и со Хрватска, се подготвува за прилив на мигранти откако Унгарија ја затвори својата граница со Србија, поради што повеќе стотини мигранти се насочиле кон Хрватска.

Бегалската криза утринава се префрли и во Хрватска, откако Унгарија синоќа ја затвори границата, а автобусите со мигранти беа пренасочени кон Шид, односно границата на Србија и на Хрватска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...