fbpx

Кери: Москва предлага воени преговори со САД за Сирија

-

Русија предложила воени преговори со САД за Сирија, а Вашингтон ги разгледува следните чекори, соопшти денеска американскиот државен секретар, Џон Кери.

Кери разговарал со Белата куќа и со Пентагон за предлогот кој следел по неговиот неодамнешен разговор со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

– Русите предлагаат… да одржиме воени преговори… за да разгледаме што точно да се направи за да се стави крај на конфликтот, имајќи го предвид потенцијалниот ризик и да имаме целосно јасна слика за патот кој е пред нас и какви се намерите – рече Кери по состанокот со јужноафриканскиот колега.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...