fbpx

Меимаракис: Коалицијата на СИРИЗА и на Нова демократија е последната шанса за спас на Грција

-

Коалициската влада на Нова демократија и на СИРИЗА е последната шанса за спас на Грција, според првиот човек на десничарската партија, Евангелос Меимаракис.

Лидерот на Нова демократија ова го изјави во интервју за агенцијата „Ројтерс“, останувајќи на ставот дека без оглед на сè, двете најголеми политички партии мора да соработуваат за да се најде решение за излез од кризата.

Иако во предизборните говори постојано го напаѓа лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, и го нарекува разгалено дете, Меимаракис и понатаму инсистира дека двете партии по изборите треба да си подадат рака за спас на Грција.

– Доколку победиме, првата партија на која ќе ѝ пристапам за соработка, ќе биде таа што ќе биде втора на изборите. Ако ме одбијат, ќе се свртам кон партиите кои веруваат во европската перспектива на нашата држава. Ова е последната шанса за државата – вели Меимаракис во интервјуто, додавајќи дека е доволно зрел, има свој план и поддршка од членовите на Нова демократија за Грција да може стабилно да излезе од кризата.

Меимаракис во интервјуто го напаѓа Ципрас за лошо справување со целата ситуација и за преговорите со кредиторите, уништување на бизнис-климата и за бркање на инвеститорите поради референдумот, затворањето на банките и воведувањето контрола и трансакциски лимит за физичките лица и за компаниите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...