fbpx

Ван Хојте: Една од партиите не ги почитува договорот и рокот за избор на специјален обвинител

-

Во моментов можам да кажам дека една од најголемите политички партии не се придржува до она што е договорено и не почитува никакви крајни рокови, што е неприфатливо во водењето на преговорите и во постигнувањето конечен договор.

Ова го изјави белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, пред почетокот на денешната рунда преговори меѓу четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, за избор на специјален јавен обвинител

Ван Хојте пред новинарите соопшти дека пред денешната рунда преговори се соочуваат со голем проблем, кој е поврзан со две работи.

Тој покажа лист хартија на кој, на англиски и на македонски јазик, беше испишанo „зборот е збор“.

– Генерално, кога влегуваш во преговори, велиш и се држиш до тоа дека зборот е збор. Ако постигнеш договор околу нешто со даден рок, се придржуваш до предвидениот рок. Во моментов една од најголемите политички партии не го почитува рокот и не го почитува договорот – изјави Ван Хојте.

Покажувајќи друг лист хартија, на кој беше испишано „отчетност“ на англиски и на македонски, посочи дека вториот дел од проблемот е уште поголем, а се однесува на отчетноста.

– Ние во Европа имаме систем на вредности и мислам дека земјите кои се кандидати за членки во Унијата, би требало да го почитуваат тој систем на вредности, од кој најважен е отчетноста. Тоа значи дека секој јавен службеник, функционер има должност на одговорен начин да соопшти што правел, за да можат граѓаните да донесат одлука дали тоа ќе го прифатат или ќе го отфрлат. Ако има некакви сомневања за можна злоупотреба на моќта и за проневера на јавни средства, тоа треба да биде истражено и процесуирано независно од тоа за кого станува збор. Тоа е една од вредностите што очекуваме да се почитуваат и за кои се надеваме дека еден ден ќе бидат дел и од вашето општество – рече Ван Хојте.

На новинарско прашање која е партијата што не се придржува до договореното, Ван Хојте одговори дека тоа е „ваше (н.з. – на новинарите) да дознаете“.

Тој соопшти дека има нацрт-верзија на законското решение врз основа на кое ќе се избере специјалниот јавен обвинител и за кое ќе се разговара на денешната средба. Исто така, тема ќе бидат и имињата на потенцијалните кандидати за специјален јавен обвинител.

На прашањето дали ако партиите не постигнат договор специјалниот јавен обвинител ќе биде именуван од ЕУ, Ван Хојте изјави дека сите опции се можни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...