fbpx

СИРИЗА останува посветена на ставот за сложено име за севкупна употреба

-

СИРИЗА на само неколку дена пред отворањето на гласачките места, конечно ја претстави својата политичка програма. Од програмата долга 145 страници, на плановите за решавање на спорот за името им се посветени само неколку реченици.

Според програмата, левичарската партија останува на познатите грчки црвени линии. СИРИЗА останува на ставот дека и понатаму ќе го поддржува процесот на преговорите за решавање на спорот за името во рамки на ОН и ќе настојува да се работи во насока на заеднички прифатливо решение за сложено име со географска одредница за севкупна употреба. Во текстот се критикуваат националистичките и иредентистичките тенденции кои постојат и од двете страни на границата. Партијата се залага за почитување на суверенитетот на границите, решавање на отворените прашања врз основа на принципите на меѓународното право и почитување на човековите и на малцинските права.

Левичарската партија, доколку победи на изборите, планира да продолжи со поактивна политика на Балканот преку интензивирање на билатералната и на мултилатералната соработка на балканско ниво, како и понатамошно поддржување на обидот за побрзо интегрирање на Балканот во европското семејство.

Надворешната политика падна во сенка на економската криза на оваа изборна кампања, а не беше воопшто спомената на телевизиските изборни дуели. Прашањето што ќе се случува со мерките за градење доверба кои ги потпишаа Македонија и Грција остана неодговорено од грчка страна за време на изборната кампања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...