Владата на Косово во стратегијата за предупредување од насилен тероризам, наведува дека идентификувала три терористички групации, пишува весникот „Коха диторе“.

Во документот што овој весник го има на увид, а владата на Косово го усвоила неделава, со страв се гледа на враќањето на државјаните на Косово, кои се бореле во Сирија и во Ирак.

– Како што се гледа од многубројните примери во Европа, радикализираните поединци можат да вршат екстремно насилство и против народот и против институциите во својата држава. Опасноста и Косово да биде мета на таквиот терористички напад, не може да биде исклучена – се констатира во стратегијата.

Во документот, најголемо внимание се посветува на екстремниот верски радикализам.