fbpx

СДСМ: Луна-паркот не е предвиден во буџетот на Град Скопје

-

Опозицискиот СДСМ, во соопштение испратено до јавноста, го обвинува градоначалникот Коце Трајановски дека повторно ја залажува јавноста со проекти кои секоја година само ги најавува, а никако да се реализираат.

– Трајновски секоја година на скопјани им ветува нов луна-парк и секоја година ги лаже. Така е и оваа година. Повторната најава на проектот за нов луна-парк во Скопје не значи и изградба на паркот. Луна-паркот воопшто не е предвиден во буџетот на Град Скопје – се вели во соопштението на партијата.

Тие понатаму додаваат дека Коце Трајановски наместо да инвестира во луна-парк, реши да гради панорамско тркало од 18 милиони евра, во коритото на реката Вардар.

– Со овие 18 милиони евра можеше да се изгради модерен и атрактивен луна-парк, каков што заслужуваат граѓаните на Скопје. Трајановски не мисли на интересите на граѓаните на Скопје, туку продолжува да биде извршител на Никола Груевски, единствено заради задоволување на неговите потреби – велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...