четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Коце Трајановски | 62 резултати

Новата Градска куќа продадена на ЕВН-Македонија за 12,7 милиони евра

5 ноември 2019

Град Скопје соопшти дека на вчера одржаната електронска аукција за продажба на зградата под Кале, која беше планирана за нова Градска куќа, нов сопственик на објектот што почна да се гради во времето на Коце Трајановски и уште не е завршен, станала компанијата ЕВН Македонија. Таа била единствениот заинтересиран купувач, а била постигната цена од […]

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ги партизираше јавните претпријатија и културните институции

3 февруари 2018

Советничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ реагираше на отчетот на градоначалникот, Петре Шилегов и на прес-конференција рече дека, „100-те дена поминале во лаги, неработење и партизација на адмнистрација и јавните претпријатија на Град Скопје.“ Таа додаде дека, иако Шилегов ветувал чист воздух, Скопје се уште е најзагаден град во светот. „Градот Скопје е меѓу […]

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избра новиот Извршен комитет

12 јануари 2018

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го избра новиот состав на Извршниот комитет (ИК) на партијата, а во неговиот состав се најдоа и актерот Тони Михајловски, актуелниот градоначалник на Кавадарци и сопственик на „Кожувчанка“, Митко Јанчев, и поранешниот директор на ЈСП Скопје, Игор Јанушев. Покрај нив се е и долгодишниот парламентарец и функционер на партијата Александар […]

Андонов: Власта го лажеше народот дека ќе владее демократски, сега покажува насилство

6 декември 2017

Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест пред Министерството за правда рече дека „власта го лажела сопствениот народ дека демократски ќе владее, но сега покажува терор, насилство и уништување на човечки судбини и животи“. – Знам дека на тие што го тероризираат сопствениот народ, ништо не им значи оваа држава. Очигледно е дека покрај недостигот од патриотизам, имаат […]

Незадоволството ќе роди нови поделби и тензии, порача Милошоски

4 декември 2017

Со местените апсења и со нарачани судски пресуди се прави неправда, а неправдите ќе родат и нови неправди, реваншизмот ќе роди друг реваншизам, незадоволството ќе роди нови поделби и тензии, нагласи Антонио Милошоски, пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот протест пред Министерството за правда. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ една недела одржува протести против приведувањето […]

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов бесрамно се фали со проекти на Трајановски

15 ноември 2017

Петре Шилегов бесрамно продолжува да се фали со проекти на Коце Трајановски, реагираа денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека денешниот повик на Град Скопје за субвенционирање на печки за греење со пелети е трет по ред и бил планиран во годишниот план донесен во време на Трајановски. „Шилегов затскрива дека ова е трет по ред […]

Шилегов: Одлуките ќе ги носиме со граѓаните и во консултација со стручната јавност

25 октомври 2017

Новиот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека ќе работи одговорно, транспарентно, домаќински и, пред сè, во интерес на сите граѓани на Скопје. По преземањето на функцијата од досегашниот градоначалник Коце Трајановски, тој рече дека сите одлуки ќе се носат заедно со граѓаните, а во консултација со граѓанските здруженија и со стручната јавност. – […]

Шилегов неофицијално во првиот круг победува во Скопје

16 октомври 2017

Според неофицијалните информации на веб-страницата на ДИК, од преброените гласачки ливчиња од 657 избирачки места од вкупно 685 во Скопје, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, оствари победа во првиот круг, со речиси 135.000 гласови, наспроти малку повеќе од 96.000 на неговиот противкандидат, Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во изминатите два мандати беше на чело […]

Трајановски очекува да биде изгласан тој што нуди нови проекти за Скопје

15 октомври 2017

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Коце Трајановски, денеска гласаше на избирачкото место 2489 во просториите на урбаната заедница Автокоманда. „Имав задоволство денеска да го искористам своето гласачко право. Мислам дека граѓаните на Градот Скопје ќе дадат поддршка на тие што имаат реализирано проекти и на тие што […]

Кандидатите за градоначалник на Скопје се обврзаа дека ќе се грижат за чиста средина

12 октомври 2017

Kандидатите за градоначалник на Скопје денеска потпишаа изјава со која ја прифаќаат платформата на „Коалицијата O2“ за чист воздух и за остварување на правото за чиста животна средина. Од коалицијата, меѓу другото, бараат активно вклучување на претставници од граѓанските иницијативи и на граѓани во подготовката на сите планови, програми, стратегии, буџети, ГУП, мерки против загадувањето, во носење на сите одлуки што ги засегаат жителите […]

Анкета: Трајановски и Шилегов најверојатно во втор круг во трката за градоначалник на Скопје

9 октомври 2017

Изборите за градоначалник на Скопје ќе бидат неизвесни, покажа телефонска анкета што во периодот од 23 септември до 2 октомври ја спроведе „М-проспект“ на барање на „Телма“ и на МЦМС, на примерок од 1.560 испитаници, со статистичка грешка од 2,5 отсто. Според податоците, разликата меѓу двајцата кандидати за градоначалник на Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ , Коце Трајановски, […]

Груевски: Овие избори ќе бидат порака од народот за насилството на власта

6 октомври 2017

На 15 октомври гласањето нема да биде само гласање за градоначалници и за советници, ќе биде порака од народот за овие четири и пол месеци владеење и злоупотреби, ќе биде порака и за секојдневните политички хајки и прогони, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на партискиот митинг во општина Центар. – На овие избори претходеа […]

СДСМ: Погрешните политики на Трајановски се причината за загадениот воздух во Скопје

3 октомври 2017

Коце Трајановски ја продолжува практиката на неговиот шеф, Никола Груевски, и лицемерно се однесува кон граѓаните на Скопје, реагираат од СДСМ, на најавата на актуелниот градоначалник дека ако добие уште еден мандат, ќе набави 20 нови двојни електрични автобуси што не го загадуваат воздухот „Човекот кој ги исече дрвјата во Скопје и придонесе градот да […]

Коце Трајановски вети 20 електрични автобуси

3 октомври 2017

Актуелниот градоначалник на град Скопје и кандидат за оваа функција на престојаните локални избори, Коце Трајановски, денеска на прес-конференција најави дека доколку повторно ја добие функцијата, ќе набави 20 нови двојни електрични автобуси што не го загадуваат воздухот. – Предвидуваме неколку мерки за модернизација на возилата на сите кои учествуваат во системот на јавниот сообраќаен превоз […]

Трајановски спинува околу неговата ефикасност

29 септември 2017

Градоначалникот Трајановски кој од граѓаните на Скопје го бара третиот мандат има нереализирани крупни проектни ветувања, особено во делот на инфраструктурата и екологијата. Оттука, неговото спротивно тврдење е извртена вистина или спин, пишува „Вистиномер“. „Еден од кандидатите за нов градоначалнички мандат за Скопје, Коце Трајановски, презентирајќи ја својата програма на отворањето на градскиот изборен штаб, […]

Кандидатите за градоначалници потпишаа кодекс за фер и демократски избори

24 септември 2017

Kандидатите за градоначалници во сите општини во Македонија и Градот Скопје го потпишаа кодексот за фер и демократски избори, по повод изборната кампања за локалните избори која ќе почне утре. Со потпишувањето на кодексот, кандидатите се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и во државната администрација, […]

СДСМ: Груевски, Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат нова ера

23 септември 2017

Празната сала за време на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е порака и од неговото членство, граѓаните ќе изберат промена за подобар живот и на локално ниво, велат од СДСМ по повод обраќањето на Груевски на конвенцијата на партијата на која беа промовирани кандидатите за градоначалници. Од таму додаваат дека Никола Груевски, Коце Трајановски […]

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и во Гази Баба ќе ги кандидира Коце Трајановски и Тони Трајковски

13 септември 2017

ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе ги кандидира актуелните градоначалници на Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, за свои кандидати за првите места во главниот град и во општината за локалните избори, соопшти Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопшти тој, партијата и во општина Росоман најверојатно ќе настапи со сегашниот […]

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата помеѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна

6 септември 2017

На скопјани ќе им биде лесно да одлучат за кого ќе гласаат на локалните избори, бидејќи разликата во квалитетот помеѓу Коце Трајановски и Петре Шилегов е повеќе од очигледна, велат од ВМРО-ДПМНЕ. – На граѓаните на Скопје им е потребен стабилен, вреден и чесен градски татко, а не градска пијандура. Петре Шилегов е човекот кој […]

Дебармаалци попладнево ќе протестираат за безбедни улици

21 август 2017

Граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ денеска во 18 часот на протест пред Министерството за култура ќе ги повикаат Општина Центар и Град Скопје да ги применат постоечките закони за да ги заштитат пешаците од, како што велат „опасноста предизвикана од тротоари окупирани од возила и кафеани, опасно неорганизиран сообраќај и неконтролирано градење“. Протестот […]

Страна 1 од 3