СДСМ ќе ги повлече забелешките за ДИК ако ВМРО-ДПМНЕ ги прифати предлозите на странците за медиумите

Ние ќе ги повлечеме забелешките што ги имаме за методологијата за прочистување на избирачкиот список ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да ги прифати предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ. - Ако и ова не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тие...

Нов изглед на полициските униформи до 2020 година

Новата „Стратегија за развој на полицијата 2016-2020“, која беше промовирана денеска во Инфоцентарот на Европската унија во Скопје, ќе донесе и нов изглед на униформите на македонските полицајци. Ова, како една од конкретните цели на новата статегија, на промоцијата го најави тимскиот лидер на проектот,...

„Фридом хаус“: Македонија е делумно слободна земја

Во извештајот на „Фридом хаус“ за слободата во светот во 2015 година, со оцена 3,5, Македонија е рангирана меѓу земјите со делумна слобода. Политичките права се оценети со 4, а граѓанските слободи со оцена 3. Американската организација во новообјавениот извештај наведува дека „надолниот тренд во...

Спасовски ќе ја промовира „Стратегијата за развој на полицијата 2016 – 2020“

Денеска во 11 часот, во ЕУ-инфоцентарот ќе се одржи промоција на „Стратегијата за развој на полицијата 2016 - 2020“, која, како што информираат од МВР, е еден од клучните документи од проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капицитетите на полицијата“, финансиран од Европската...

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со предност од 6,4 отсто пред СДСМ

Доколку сега се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 29,9 отсто од гласовите, за СДСМ ќе гласаат 23,5 отсто, за ДУИ 10,1 отсто, а за ДПА 4,3 отсто, покажува телефонската анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“ од Белград, спроведена во периодот од 15 до 24 јануари...

Грчките земјоделци денеска од 11 до 13 часот ќе ги блокираат премините Богородица и Дојран

Грчките земјоделци денеска повторно ќе ги блокираат граничните премини Богородица и Дојран. Блокадата ќе биде поставена од 12 до 14 часот по локално време, односно од 11 до 13 часот по македонско време. Покрај македонската, земјоделците ги блокираат и граничните премини од Грција кон Албанија...

Критични преговорите за медиумите во работните групи

Преговорите во работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, критично заглавиле во сферата на медиумските реформи, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови. Според нашите информации, преговорите за реформите за медиумите не се мрднати од мртва точка, а нема ниту изгледи за брзо...

ВМРО-ДПМНЕ доставила нови предлози за избирачкиот список и за медиумските рефрми

ВМРО-ДПМНЕ доставила два предлога на денешната средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, која се одржа попладнево во Клубот на пратеници со посредство на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. Едниот од предлозите се однесувал на прочистување на избирачкиот список, а другиот на медиумските реформи. Другите партии...

Ванхауте за нападите од Груевски: Ако не ти се допаѓа пораката, убиј го гласникот

„Ако не ти се допаѓа пораката убиј го гласникот“, беше одговорот на белгискиот олеснувач, Питер Ванхауте, на новинарско прашање за коментар за вчерашниот говор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кој беше споменато и неговото име. Инаку, членовите на политичките партии претставници на работните групи...

Сите убави изрази на Груевски: Клоци, стампеда, ангели, ѓаволи, насадени, црпнати…

Со педесетина пати изговорен зборот „народ“ и со повеќекратно повторување на зборовите „будала“ и „глупав“, помина 30-минутниот говор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера на 16. конференција на партиската унија на жени. Со низа метафори, поговорки и со измислени фрази, лидерот на владејачката партија го...

ЕУ му твитна на Груевски: Кој потпишал, мора да ги поддржи и Јанева и Ванхауте

Мисијата на Европската унија во Скопје денеска преку својот официјален твитер-прифил ги повика политичките партии да ги почитуваат Договорот од Пржино и работата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. „Сите потписници на Договорот од Пржино треба да ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство и...

Денеска средба на работните групи за ДИК и за медиумите

Претставниците на политичките партии кои се членови во работната група денеска од 17 часот во Клубот на пратеници ќе имаат средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. На средбата ќе се разговара за методологијата што Државната изборна комисија треба да ја употреби за прочистување на избирачкиот список...

Буџетот на Јанева денеска и утре на комисии, в среда на пленарна седница

На комисиска расправа во Собранието денеска ќе се разгледува буџетот на Специјалното јавно обвинителство за тековната 2016 година. Со предлог-одлуката за релокација на средства од буџетот, се предвидува за ова обвинителство да бидат издвоени околу четири милиони евра, од кои поголем дел се наменети за...

Денеска почнува судскиот процес за случајот „Поткуп“ против Заев

Во Основниот суд Скопје 1, денеска  треба да почне судскиот процес во ккој обвинет е градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“. Заев, како градоначалник на Струмица е обвинет дека примил поткуп од 200.000 евра за да изврши легализација на државно...

СДСМ: Груевски си призна дека криминалец не може да биде премиер

Опозицискиот СДСМ реагираше на говорот на престедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на годишната конференција на унијата на жени. - „Силување“, „бркање на клоци“, „будала“, тоа е речникот на очајниот Никола Груевски, кој се плаши од казната на граѓаните и од соочување со одговорноста за целокупниот...

Груевски: На 24 април доаѓаат казната и одмаздата на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се обрати на годишната конференција на унијата на жени во „Борис Трајковски“. Според него, некој „користејќи го СДСМ сакал на валкан начин да ја урне ВМРО-ДПМНЕ, да ја дестабилизира Македонија и да ја промени по терк како што налагаат неговите интереси.“ -...

ДПА го потврди учеството на изборите на централното собрание на партијата

На седница на централното собрание на ДПА, било потврдено учеството на партијата на претстојните избори на 24 април. - Ќе излеземе на овие избори и нема да бојкотираме затоа што тие што претпочитаат бојкот на овие избори, од друга страна подготвија десетина мали партии што...

Грчките земјоделци ќе ги засилат протестите, можна е блокада и на границите

Грчките земјоделци одлучија да ги засилат протестите. На денешниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше договорено секојдневно да се блокираат патиштата низ земјата од 12 до 14 часот и од 19 до 21 часот по локално време. За време на протестите, ќе бидат блокирани...

Земјоделците ги блокираа грчките автопатишта, засега нема блокади на границите

Движењето низ автопатиштата низ Грција деновиве ќе биде отежнато поради масовните штрајкови на грчките земјоделци. Тие се незадоволни од мерките на грчката влада за пензиското и за здравственото осигурување и од укинувањето на бенефициите. Повеќе од 10.000 земјоделци со своите трактори се распоредени на автопатиштата низ цела Грција...

Трајанов ја даде на Уставен суд одлуката за распуштање на Собранието

Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, денеска до Уставниот суд достави Демократскиот сојуз. - Не само што се работи за необмислен потег, досега непознат во историјата на парламентарното работење, туку со него директно се...

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...