fbpx

„Фридом хаус“: Македонија е делумно слободна земја

-

Во извештајот на „Фридом хаус“ за слободата во светот во 2015 година, со оцена 3,5, Македонија е рангирана меѓу земјите со делумна слобода. Политичките права се оценети со 4, а граѓанските слободи со оцена 3.

Американската организација во новообјавениот извештај наведува дека „надолниот тренд во Македонија се должи на понатамошните информации за сериозни недостатоци во изборите во 2014 година, кои доведоа до опозицискиот бојкот на Собранието“. Според „Фридом хаус“, за тоа придонесуваат и „новите информации поврзани со скандалот со распространетото владино следење на политички и верски лидери, новинари и на граѓани“.

Поради оцените поврзани со изборите, „Фридом хаус“ во извештајот оценува дека Македонија не спаѓа во категоријата изборни демократии. Земјава останува во категоријата делумно слободни држави, заедно со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и со Црна Гора од Балканот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...