fbpx

ВМРО-ДПМНЕ доставила нови предлози за избирачкиот список и за медиумските рефрми

-

ВМРО-ДПМНЕ доставила два предлога на денешната средба на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, која се одржа попладнево во Клубот на пратеници со посредство на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.

Едниот од предлозите се однесувал на прочистување на избирачкиот список, а другиот на медиумските реформи.

Другите партии за меѓупартиски консултации имаат време до утре, до 18.30 часот, за кога е закажана нова средба на работните групи.

На прашањето како другите партии реагирале на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Ванхауте само кусо одговори дека „состојбата е критична“.

Пред почетокот на работната средба, Ванхауте на новинарско прашање за коментар за вчерашниот говор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кој беше споменато и неговото име, рече: „Ако не ти се допаѓа пораката, убиј го гласникот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...