fbpx

Ванхауте за нападите од Груевски: Ако не ти се допаѓа пораката, убиј го гласникот

-

„Ако не ти се допаѓа пораката убиј го гласникот“, беше одговорот на белгискиот олеснувач, Питер Ванхауте, на новинарско прашање за коментар за вчерашниот говор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кој беше споменато и неговото име.

Инаку, членовите на политичките партии претставници на работните групи попладнево повторно се сретнаа во Клубот на пратеници за да разговараат за реформите во медиумите и за методологијата за прочистување на избирачкиот список.

Ванхауте пред почетокот на средбата изјави дека денеска ќе се разгледуваат нови предлози за Законот за медиуми.

– Денеска имаме состанок на кој ќе разгледуваме нови предлози за медиумите и се надевам дека ќе постигнеме напредок. Ова се предлози што ги даде ВМРО-ДПМНЕ, а се одговор на претходни предлози што ги даде СДСМ. Сè уште не сум ги видел предлозите и не знам што содржат, ќе бидат изненадување за сите – рече Ванхауте.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...