fbpx

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со предност од 6,4 отсто пред СДСМ

-

Доколку сега се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 29,9 отсто од гласовите, за СДСМ ќе гласаат 23,5 отсто, за ДУИ 10,1 отсто, а за ДПА 4,3 отсто, покажува телефонската анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“ од Белград, спроведена во периодот од 15 до 24 јануари на репрезентативен примерок од 1.250 испитаници.

Според анкетата, 28,5 отсто од испитаниците се неопределени, за друга партија би гласале 2,7 отсто, а еден отсто не сакале да одговорат на ова прашање.

Рејтингот на СДСМ се зголемил за 2,1 отсто во споредба со анкетата направена од истата агенција во декември минатата година, додека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ се зголемил за 0,4 отсто.

Истражувањето покажува дека доколку сега се одржат избори, 56 отсто од граѓаните ќе излезат на гласање, а 40 отсто нема да излезат на избори.

Триесет и седум отсто од анкетираните сметаат дека Договорот од Пржино е целосно исполнет, 55 отсто сметаат дека е делумно исполнет, а девет отсто дека воопшто не е исполнет.

Според анкетата, 57 отсто од испитаниците одговориле дека сите партии не се рамноправно застапени во медиумите, а 33 отсто одговориле дека има рамномерна медиумска застапеност.

Подобрувањето на секојдневниот живот, здравството и намалувањето на невработеноста се темите кои, според испитаниците, се важни за Македонија. Односите меѓу етничките заедници биле важни за најмал број анкетирани.

Високи 75 отсто од испитаниците одговориле дека го поддржуваат членството на Македонија во Европската унија, додека 17 отсто се против.

Маргиналната грешка, односно дозволеното отстапување на оваа анкета е 3 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...