fbpx

Јанева за намалувањето на тимот: За обемот на работа, доволни ни се 10 обвинители

-

За совладување на обемот на работа, на Специјалното јавно обвинителство во моментов му се потребни десет обвинители, велат од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева, на прашањето на „Мета“ за коментар за денешната изјава на претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, дека Јанева разрешила и остранила од работа две обвинителки од својот тим.

„Утврдено е дека за совладување на обемот на работа со кој се соочува ова јавно обвинителство во овој момент доволни се десет обвинители. Имајќи го предвид фактот дека јавните обвинителства од каде доаѓаат јавните обвинители се соочуваат со недостиг од кадар, што и јавно беше соопштено од Советот на јавни обвинители, предложено е на Советот на јавни обвинители да ги распредели овие обвинители во обвинителствата од кои беа избрани во ова јавно обвинителство“, стои во одговорот на Специјалното јавно обвинителство на нашите прашања: „Дали се разрешени двајцата обвинители или станува збор за нешто друго? Зошто тие повеќе не се дел од тимот на специјалната обвинителкa? Дали за нивното заминување или разрешување од тимот обвинители е известен Советот на јавни обвинители и дали е запазена законската процедура? Дали е намален обемот на работа на СЈО? На кои предмети работеа двете обвинителки?

По денешната седница на Советот на јавни обвинители, претседателот Аневски рече дека Јанева на своја иницијатива ги отстранила обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева и им рекла да ги вратат предметите и токените, да ги исчистат бироата, да ги напуштат канцелариите и да се сместат кај полицајците.

Двете обвинителки, како што рече Аневски, на 20 јануари за разрешувањето се пожалиле и го пријавиле случајот во Советот на јавни обвинители.

– Вчера добивме писмо од Специјалното јавно обвинителство дека двете обвинителки самите барале да заминат поради намалениот обем на работа. Вие знаете дека пред неколку месеци се расправавме токму за бројот на јавни обвинители, дали треба да бидат повеќе или помалку. Во врска со ова прашање, Советот формираше комисија од тројца членови кои треба да го испитаат овој случај. Сега треба да се донесе и одлука за намалување на бројот на обвинители. Деновиве ќе имаме состанок на кој, покрај двајцата отстранети обвинители, ќе биде поканета и Јанева за да даде свое објаснување за ситуацијата – изјави Аневски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...