fbpx
Таг: Појас Газа

таг: Појас Газа

Израел ја откажа посетата на САД и го повлече преговарачкиот тим од Катар

Израел ја откажа посетата на Вашингтон на која требаше да се разговара за планираната офанзива на јужниот град Рафа во Газа, на што САД се противат, јави Гардијан. Посетата беше откажана по гласањето на Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за прекин на огнот. САД се воздржаа од гласање, со што овозможија резолуцијата да помине. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху...

Русија и Кина ја блокираа резолуцијата на САД за итен прекин на огнот во Газа

Нацрт-резолуцијата на САД за прекин на огнот во Газа не помина на Советот за безбедност на САД. Гласањето заврши со 11 гласа „за“, три „против“ и еден воздржан, јави Би-би-си. Русија и Кина ставија вето на резолуцијата што го врзуваше итниот прекин на огнот во Газа со ослободувањето на заложниците што ги држеше Хамас. Против нацртот гласаше и Алжир, додека Гвајана...

Блинкен во посета на Израел додека САД повикуваат на итен прекин на огнот во Газа

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Тел Авив, Израел, во неговото шесто патување во регионот од почетокот на војната во Газа. Блинкен рече дека за време на разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот кабинет ќе сподели алтернативи за планираниот копнен напад на Израел врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, пренесе Гардијан. Посетата на Блинкен во Израел...

Бајден: Нетанјаху повеќе го повредува отколку што му помага на Израел

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „повеќе го повредува Израел отколку што му помага“ во пристапот кон војната против Хамас во Газа. Во вчерашно интервју за „MSNBC“, Бајден изрази поддршка за правото на Израел да го гони Хамас, но за Нетанјаху рече дека „мора да посвети повеќе внимание на изгубените невини животи како последица...

Израел најави проширување на воените операции во Рафа, ако заложниците не бидат ослободени до Рамазан

Израелските сили ќе ги прошират воените операции во Рафа доколку заложниците што ги држи Хамас не бидат вратени до почетокот на Рамазан, изјави вчера министерот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц, а пренесува Си-ен-ен. Светиот муслимански месец се очекува да започне на 10 или 11 март, а коментарите на Ганц се најјасниот рок досега за израелска воена акција во овој...

Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат, предводен од демократите, го одобри долгоочекуваниот пакет помош од 95,34 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај зголемените сомнежи за судбината на предлог-законот во Претставничкиот дом, контролиран од републиканците. Додека демократите беа за усвојување на законот, републиканците беа поделени и еднаш претходно го изгласаа „против“. На денешното гласање, сенаторите со 70 гласови „за“ и 29 „против“ го...

Израел со воздушни напади на Рафа, Борел предупреди на катастрофални последици

Во воздушните напади во градот Рафа во Појасот Газа загинаа најмалку 28 лица, додека повеќе од милион цивили кои се засолнуваат во областа се подготвуваат за можноста за целосна израелска копнена офанзива на последното место кое се смета за релативно безбедна територија, пренесува Гардијан. Рафа е најјужниот град на палестинската територија што е погоден од жестоката офанзива на Израел по...

„Часовникот на Судниот ден“ останува 90 секунди до пропаста на човештвото

„Часовникот на Судниот ден“ кој симболично покажува колку светот е блиску до апокалипса и истребување на човештвото, останува на 90 секунди „до полноќ“, што е најблиску досега откако беше создаден, соопшти панелот од меѓународни научници. Часовникот секоја година го поставува Билтенот на атомските научници кои велат дека „застрашувачките трендови продолжуваат да го насочуваат светот кон глобална катастрофа“. Минатата година, Билтенот го...

Сто дена откако Хамас го нападна Израел, Нетанјаху: Никој нема да нè сопре

Израел ќе ја продолжи својата војна против Хамас сè до победа и нема да биде сопрен од никого, па ниту од светскиот суд, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вчерашниот говор додека борбите во Газа се наближија до својот стоти ден. Нетанјаху говореше откако меѓународниот суд на правдата во Хаг одржа дводневни сослушувања за наводите на Јужна Африка дека Израел...

Војната во Газа влегува во нова фаза за Израел

Првичното ветување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по терористичките напади на Хамас од октомври 2023 година беше дека оваа терористичка група ќе биде целосно уништена. Сепак, Си-ен-ен во најновата анализа посочува дека израелската војска се префрла во нова фаза од војната против Хамас во Газа и има знаци дека и нејзините цели се менуваат. „Раководството на израелската војска многу добро...

Блинкен ќе отпатува на Блискиот Исток, ќе го посети и Израел

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска заминува на Блискиот Исток, при што ќе го посети и Израел. Во Израел ќе отпатува и американскиот дипломатски претставник Амос Хохштајн, во обид да ги смири тензиите меѓу земјата и Хезболах, вели во изјава за Ројтерс и Франс-прес висок американски функционер, кој инсистирал да остане анонимен. Ова ќе биде четврта посета на американскиот државен...

Израел најави продолжување на тешката воена операција во Газа, Бајден повика на заштита на цивилите

Израелската војска најави дека ќе ја продолжи операцијата во Газа, но ја нарече истата „долготрајна“ и „тешка“. Портпаролот на Израелските одбранбени сили изјави дека ги прошируваат своите копнени операции во јужниот и северниот дел на Појасот Газа, пренесува Би-би-си. Израел објави дека уште девет нејзини војници биле убиени во борбите во Газа, со што вкупниот број достигна 154. Земјата соопшти оти...

Преговори меѓу Израел и Хамас – ослободување на заложници за прекин на огнот

Додека траат жестоките борби меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, двете страни веќе извесно време преговараат за размена на дел од заложниците што ги зароби Хамас во замена за краток прекин на огнот. Би-би-си пишува дека постојат знаци за напредок на неколкунеделните индиректни преговори за заложници, во кои како посредници се вклучени САД и Катар. Амбасадорот на Израел во...

СЗО: Болницата Ал-Шифа во Газа е „зона на смртта“

По посетата на болницата Ал-Шифа во градот Газа, Светската здравствена организација (СЗО) го опиша комплексот како „зона на смртта“. Заеднички тим на Обединетите нации предводен од СЗО ја проценуваше болницата еден час, по нејзината окупација и евакуација од страна на израелската војска, пренесува Би-би-си. Тимот рече дека видел докази за гранатирање и пукање, како и масовна гробница на влезот од болницата....

Главната болница во Газа се празни од пациенти, Кан Јунис следен за напад

Израелските сили продолжија со пребарувањето на теренот на главната болница Ал Шифа во Газа, во период додека трае префрлањето на пациентите надвор од овој медицински центар. Израел вели дека станува збор за евакуација на пациентите преку безбедна рута надвор од болницата, додека Министерството за здравство на Газа предводено од Хамас вели дека во болницата има уште најмалку 120 пациенти,...

Појасот Газа сега е поделен на два дела, тврди Израел

Израелската војска доцна синоќа објави дека го опколила градот Газа и го поделила опколениот крајбрежен појас на два дела, откако оваа територија се најде под трет целосен прекин на комуникациите од почетокот на војната. Како што пренесува Гласот на Америка, портпаролот на Израелските одбранбени сили Даниел Хагари изјавил дека израелската војска го опколила градот Газа и „сега постои јужна Газа...

МНР: Тројца македонски државјани ја напуштија Газа

Министерството за надворешни работи информира дека тројца македонски државјани на Република Северна Македонија вчера безбедно ја напуштиле Газа и се упатени кон египетскиот главен град, а за евакуација останува уште еден брачен пар што се наоѓа во Газа. Таткото со две деца кои се македонски државјани вчера безбедно ја напуштиле Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата...

Жестоки борби во Газа, 20.000 повредени цивили оставени без адекватна помош

Израелските сили и борците на Хамас водат жестоки борби во Појасот Газа, при што Израел тврди дека го пробил одбранбениот фронт на Хамас и сега се наоѓа пред влезот на самиот град Газа, јавува Би-би-си. Хамас изминатово деноноќие истрелал противтенковски проектили, фрлал гранати и активирал експлозив против израелските сили. Израелската војска одговорила со жестоки напади од тенкови, артилерија, хеликоптери и...

Столтенберг: Војната во Газа не смее да ја ослабне поддршката за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека војната на Блискиот Исток не смее да ја ослабне поддршката за Украина и ја нагласи потребата да ѝ се обезбеди повеќе оружје на земјата во борбата против Русија. Нема знаци дека Русија планира мир, напротив, планираат уште војна, рече Столтенберг на 75-от Нордиски совет во Осло, Норвешка, а пренесе Укринформ. „Војната во Газа...

Телекомуникациските врски во Газа се обновуваат, Израел го засилува копнениот напад

Телефонските линии и интернет конекциите полека се враќаат во Појасот Газа по повеќе од еден ден речиси целосен прекин на комуникациите. Поврзаноста беше прекината откако Израел го интензивираше своето бомбардирање на територијата и започна голема копнена операција во која беа вклучени тенкови и војници, пренесе Би-би-си. Дека фиксните, мобилните и интернет услугите во Газа постепено се обновуваат објави и Палестинската...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...