„Часовникот на Судниот ден“ останува 90 секунди до пропаста на човештвото

Фактори кои придонеле кон тоа часовникот да се задржи на минута и половина до апокалипса се: заканата од нова трка во нуклеарно вооружување, ужасите од модерната војна во Израел и Газа, војната во Украина, тековната климатска криза и драматичниот напредок на генеративната ВИ која би можела да ги зголеми дезинформациите

-

„Часовникот на Судниот ден“ кој симболично покажува колку светот е блиску до апокалипса и истребување на човештвото, останува на 90 секунди „до полноќ“, што е најблиску досега откако беше создаден, соопшти панелот од меѓународни научници.

Часовникот секоја година го поставува Билтенот на атомските научници кои велат дека „застрашувачките трендови продолжуваат да го насочуваат светот кон глобална катастрофа“.

Минатата година, Билтенот го постави својот метафоричен часовник на 90 секунди до полноќ, што е најблиску откако беше основан по Втората светска војна.

Научниците велат дека одлуката часовникот да се задржи 90 секунди до полноќ не треба да се сфати како знак дека меѓународната безбедносна ситуација е олеснета, туку дека светските лидери треба ја сфатат како остро предупредување.

Фактори кои придонеле кон тоа часовникот да се задржи на минута и половина до апокалипса се: заканата од нова трка во нуклеарно вооружување, ужасите од модерната војна во Израел и Газа, војната во Украина, тековната климатска криза и драматичниот напредок на генеративната вештачка интелигенција која би можела да ги зголеми дезинформациите и да ја корумпира глобалната информациска средина.

„Овие закани, поединечно и во интеракција, се од таков карактер и големина што ниту една нација или лидер не може да ги стави под контрола“, велат од Билтенот на атомските научници.

Тие додаваат дека, за светот да се повлече од работ на катастрофата, потребна е соработка меѓу трите водечки светски сили – САД, Кина и Русија.

Билтенот на атомските научници е организација која се занимава со науката и глобалните безбедносни прашања кои произлегуваат од забрзаниот технолошки напредок што има негативни последици за човештвото.

Часовникот во 2020 година се доближи на 100 секунди до полноќ. Тогаш беше поставен пред коронавирусот да прерасне во пандемија подоцна истата година.

Кога беше создаден од уметникот Мартил Лангсдорф во 1947 година, часовникот започна да одбројува 7 минути до полноќ.

Претходно, Алберт Ајнштајн и други научници го создале „Билтенот“ за да се справат со последиците од развојот на моќното оружје, откако САД фрлија две атомски бомби на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

Оттогаш до денес, часовникот е поместен 25 пати.

За времето на часовникот одлучува Одборот за наука и безбедност, заедно со придонесот од Одборот на спонзори во кој оваа година биле вклучени 10 нобеловци.

Добрата вест е дека стрелките на часовникот можат исто така да се движат и наназад кога луѓето преземаат чекори за мир и заштита на планетата. Со крајот на Студената војна во 1991 година, стрелките на часовникот се вратија на 17 минути, најдалеку што некогаш биле од полноќ.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...