fbpx

Жестоки борби во Газа, 20.000 повредени цивили оставени без адекватна помош

Меѓународната организација Лекари без граници излезе со драматични бројки дека над 20.000 ранети лица се заробени во Газа и немаат пристап до адекватна лекарска помош

-

Израелските сили и борците на Хамас водат жестоки борби во Појасот Газа, при што Израел тврди дека го пробил одбранбениот фронт на Хамас и сега се наоѓа пред влезот на самиот град Газа, јавува Би-би-си. Хамас изминатово деноноќие истрелал противтенковски проектили, фрлал гранати и активирал експлозив против израелските сили.

Израелската војска одговорила со жестоки напади од тенкови, артилерија, хеликоптери и бродови кон Појасот Газа. Бројот на загинати израелски војници од почетокот на копнената офанзива врз Газа се искачи на 17. Истовремено, Израел тврди дека со воздушните напади успеале да ликвидираат висок командант на Хамас и да убијат десетици нивни борци.

Од двете завојувани страни се шират драстично различни информации за нападот врз бегалскиот камп Џабалија што е лоциран во Газа. Израелските сили тврдат дека во воздушниот напад го нападнале комплексот за команда и контрола на Хамас што се наоѓал на оваа локација. Наспроти нив, Министерството за здравство во Газа кое е под контрола на Хамас тврди дека 1.000 луѓе биле убиени, повредени или исчезнати како резултат на израелските напади врз бегалскиот камп. Независни извори не можат да го потврдат точниот број на загинати и повредени лица.

Додека двете страни водат жестоки борби, меѓународната организација Лекари без граници излезе со драматични бројки дека над 20.000 ранети лица се заробени во Газа и немаат пристап до адекватна лекарска помош. Лекари без граници повикуваат веднаш да се прекине огнот и да се испрати поголема помош во Газа, каде што се развива хуманитарна криза. Од организацијата повикаа да се евакуираат што е можно поголем број на луѓе од Појасот Газа.

Египетските власти соопштија дека досега преку граничниот премин Рафах им бил дозволен премин од Газа во Египет на 335 странци или лица со двојно државјанство, како и на 76 тешко ранети и болни лица. Со возила на брза помош овие лица биле евакуирани во египетски теренски болници. Граничниот премин Рафах во изминативе три недели беше отворен само за влез на хуманитарна помош за Палестинците во Газа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...